Поднесена кривична пријава против поранешен директор од Струмица,си наплаќал месечни додатоци од 9.000 денари
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 12:01
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради сомнение дека направил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Струмица, на 04.08.2020 и 13.10.2021, без да биде направена соодветна анализа согласно Правилникот за плати и други надоместоци на плата на јавното претпријатие и спротивно на законската регулатива, донел решенија за додаток на плата, при што му биле исплаќани по 9.000 и по 6.000 денари месечно, додаток на плата, се до престанокот на неговиот мандат во 2024 година. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 552.520 денари“, објави МВР.
Исто така, во текот на септември и октомври 2021 година, пријавениот донел уште седум идентични решенија за седум други вработени лица во Јавното претпријатие и им биле исплаќани по 6.000 денари месечно до месец март 2022 година, со што се стекнале со противправна имотна корист од 276.000 денари. Додека, пак за едно вработено лице, пријавениот донел решение за додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот, за што биле исплаќани по 6.000 денари месечно се до месец март 2022 година и на тој начин се стекнало со противправна имотна корист од 36.000 денари.
„Со таквите дејствија, пријавениот го оштетил буџетот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 864.520 денари“, извести полицијата.
Можеби ќе ве интересира
РАЧНО СЕ ЧИСТЕА И СПОМЕНИЦИТЕ НА ПЛОШТАДОТ: Продолжи генералката во Скопје
ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“
„КАКВИ БИТАНГИ, ТИЕ ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ОВА“: Адвокатот Дуковски за тие што земале плата од Комунална а не оделе на работа
ДПА НЕ ДОБИЛЕ ПОКАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА, АМА БИ ЈА ПРИФАТИЛЕ: Алиу вели дека ќе почекаат
„ВИ ГО ДАДОВ МОЈОТ ЗБОР“: Ѓорѓиевски се пофали со генералката на плоштад
БРАНКО ПОВТОРНО ФАТЕН ВО РЕСТОРАН: Овој пат на сликата е со министерот за администрација, Минчев
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ: АИ ќе ја подобри дијагностиката во медицината
Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП
„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ





