06 Декември, 2025
0.0350

Подземна сообраќајница во Скопје нема да има, грандиозниот проект е скап!

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2014 08:16

Добивај вести на Viber

Градот Скопје времено се откажа од реализацијата на најавената сообраќајница под Кејот. Градоначалникот Коце Трајановски вели дека одлуката е донесена откако и на вториот тендер фирмите понудиле далеку повисоки цени од предвиденото за проектот. „Она што ни беше буџетирано односно 45 милиони евра заеднички со владата не беше ни блиску до најниската понуда од 67 милиони евра од една италијанска компанија. Втората беше 77 милиони и 90 милиони беше третата понуда од компанија“, изјави градоначалникот. За булеварот под Кејот градската власт веќе потроши околу 750 000 евра за проекти, студии и планови. Основната улога на сообраќајницата долга 1 300 метри е да го растовари метежот во центарот на Скопје, преку подземно поврзување на сообраќајниците околу Владата со оние кај Народната Банка на Македонија. Градот Скопје за овој проект планираше да се задолжи со близу 4,9 милиони евра преку издавање на обврзници на домашниот пазар. „Овој проект е од суштинско значење за решавање на сообраќајниот метеж во градот. Подземната сообраќајница директно ќе ги поврзува овие булевари и со изградбата на истата ќе се овозможи директна врска помеѓу источниот и западниот дел од градот. Со тоа ќе се растерети сообраќајот во малиот и големиот ринг бидејќи за патување од источниот во западниот дел на Градот, возачите нема да бидат принудени да ги користат улиците во малиот и големиот ринг, ќе се намали времето на патување од источниот до западниот дел на градот, ќе се зголеми брзината на патување од источниот до западниот дел од градот“, стоеше пред неколку месеци во образложението од Градот Скопје. Сега пак, според Трајановски, одложувањето на подземната сообраќајница, ќе се надополни со изведба на други решенија кои би го олесниле движењето на возилата низ Скопје. Не именуваше кои ќе бидат тие, но најави дека проектите наскоро ќе бидат јавно презентирани. Проектот за подземна сообраќајница би можел да се реактивира само кога ќе се најдат пари. Кога ќе биде тоа, никој не знае.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија