02 Септември, 2024
0.0445

Дали подземната сообраќајница ќе биде трајно решение за сообраќајот во главниот град?

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кон средината на јуни ќе се знае кои фирми ќе се вклучат во изградбата на подземната сообраќајница, капитален проект на Град Скопје, кој би бил готов  околу 3 години. Во меѓувреме од градската каса ќе се одвојат плус 48.780 евра за дополнителни услуги за изработка на инвестиционо техничка документација за подземната сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“. Се работи за анекс договор склучен помеѓу Градот и шпанската компанија “Идом”, која го изработи и основниот проект за оваа подземна сообраќајница. Од Градот објаснуваат дека ништо не се менува во проектот, туку само се надополнува со сегментот подземни пешачки премини и техничка соба. Поточно како што стои во информацијата на интернет страната на Бирото за јавни набавки, дополнителните услуги произлегуваат поради измена и дополна на сообраќајниот проект за подземната сообраќајница, како вметнување на турбо ротонда на делот на раскрсницата на булеваот „Кочо Рацин“ и булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, наместо кружен тек со семафори, подземен пешачки премин, електрика и лифт за хендикепирани лица на булеварот „Кочо Рацин“ и скали под мостот „Република“, а со тоа и проектирање на електриката како и промена на предлогот за времени решенија. Инаку, договорот за изработка на основниот проект кој Градот го склучи со шпански “Идом” во март минатата година изнесува нешто повеќе од близу 552.000 евра. Предвидениот буџет за изградбата на подземната сообраќајница изнесува 32 милиони евра, од кои со 22,4 милиони евра ќе учествува Владата, а 9,6 милиони евра ќе се обезбедат од градската каса. Најголем сообраќаен проект Фактот дека се работи за најголемиот сообраќаен проект на градските власти, очекувано е инветицијата да повлече и плус финансии, коментираат експертите. Но, дополнителните финансии според проценките на познавачите во овој сектор би произлегле и поради справувањето со подземните води, бидејќи предвидената траса поминува на локација каде што има големо присуство на подземни води. Иако анализите на терен се одамна направени, сепак точно не може да се знае што ќе се најде 900 метри под земја. Експертите предупредуваат дека Владата мора да има предвидено дополнителен буџет за подземната сообраќајниа. -Во градежништвото се е изводливо, но тоа и чини повеќе пари. Постојат специјални техники за да се  изгради подземната сообраќајница, но прашањето е  дали овие предвидени 32 милиони евра ќе бидат доволни, да не биде после лоша проценка, па плус уште дополнителни пари-вели Никола Велковски, поранешен градски архитект. Какви изненадувања се можни во текот на изградбата? Како што стои во основниот проект, подземната сообраќајница почнува со кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“, потоа оди под земја, поминува покрај Кејот 13-ти Ноември и излегува во близина на Транспортниот центар, каде што треба да се направи уште еден кружен тек на вкрстувањето на булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварите „Кочо Рацин“ и „Кузман Јосифовски Питу“. Сообраќајницата ќе биде долга 1.300 метри, и тоа 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. Дел од експертите кои учествувале во изработката на проектот, велат дека ваков проект прв пат се изведува кај нас, па затоа мора да се внимава при изборот на изведувач. -Секако не знаеме на што точно ќе наидеме при копањето, но доколку дојде до некакви изненадувања ќе се решава на лице место. Се знае дека ќе се наиде на подземни води, и во проектот е водено сметка за тоа, но постои начин како да се справиме, при копањето постојано ќе се држи водата на дозволено ниво, односно ќе се врши пумпање на водата. Во постапката ќе користиме една метода наречена “копај па затрупај”. Потребна е специфична технологија и стручен кадар. Тоа се изведува со посебна машина за изработка на колови, а такви машини веќе се користеле кај нас, и не се многу скапи, вели професор д-р Дарко Мославац, од Градежен факултет Овој период тече Меѓунарониот тендер за ибор на изведувач. Од Градот велат дека до крајот на јуни годинава ќе биде избрана компанијата што ќе ја гради подземната сообраќајница. Ако се тече според роковите, изградбата ќе треба почне кон крајот на годинава и ќе трае три години. Од Градот очекуваат дека со оваа поземна сообраќајница и другата што на Јужен булевар ќе ја гради турски “Лимак”, ќе се реши сообраќајниот хаос во главниот град. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение