05 Декември, 2025
0.2326

Подземните инсталации ќе се бележат во посебен катастар

Објавено во: Македонија 24 Април, 2014 13:23

Добивај вести на Viber

Инфраструктурен објект на Македонски телеком е првиот објект кој е впишан во подземниот катастар, кој започна да функционира денеска. Во овој катастар треба да се евидентираат сите подземни инфраструктурни објекти за во иднина да се намалат нивните оштетувања при ископувања на земјиштето. „При изведба на градежни активности, поради уништена инфраструктура граѓаните остануваа без електрична енергија, вода, телефон или интернет. Досега во Кастастарот воопшто немаше евидентирано каде се наоѓаат овие инфраструктурни објекти, ниту пак беше запишана нивната сопственост. Сега веќе можат сите компании кои имаат евиденција за инфраструкруните објекти да достават геодетски елаборат и да ја запишат сопственоста на нивните објекти“, објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Инфарструктурните објекти ќе се запишуваат во подземниот катастар до 24-ти април 2018-та година. Со тоа треба да се овозможи да се добијат информации за искористеноста на просторот, да се намалат оштетувањата на подземната инфраструктура, а и компаниите да добијат сопственост над оваа инфраструктура. „Создадени се услови за запишување на телекомуникациската инфраструктура и ги повикувам сите компании кои располагаат со соодветна градежно-техничка документација да ја достават и што поскоро да добијат имотен лист“, порача денеска Славче Трпевски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија