ПОЕВТИНИ МОЛИВИ, ПЕНКАЛА, ТЕТРАТКИ: Почнува училишната кошничка, ДПИ ќе врши проверки на терен
Објавено во: Економија 15 Август, 2025 09:28
Од денес почнува кампањата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.
„Имајќи предвид дека дел од трговците прес почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември“, велат од Владата.
Оттаму посочуваат дека трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.
„Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани. Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: „Попуст на училишен прибор“, од најмалку 15%.
Владата апелира да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува.
„Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува. Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намали, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина. Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба“, стои во владиното соопштение.
Фото: Freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





