28 Септември, 2024
0.0247

Поевтинуваат прекуокеанските летови

Објавено во: Анализа 01 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Германскиот авиопревозник Lufthansa ја проверува можноста за воведување на поевтини понуди за избраните врски на долги растојанија. Главниот извршен директор на Lufthansa Карстен Шпора издал наредба за изготвување на релевантните анализи, објавија германскиот економски весник Handelsblatt, повикувајќи се на извори од компанијата. "Ние имаме конкретни идеи за тоа како можеме да нудиме ниско буџетна услуга во бизнисот со летовите на долги релации", цитира весникот висок менаџер на Lufthansa. За таа цел се развиени три концепти, за кои во наредните неколку дена ќе се донесе одлука. Според претходните изјави на Lufthansa авиокомпанијата размислува повторно да лета до туристички дестинации, кои досега не биле профитабилни за групацијата. При тоа требало да се користат постари авиони кои веќе се отпишани, како на пример машини од типот A340 Airbus. За целта веќе беа спроведени почетни разговори со синдикатите, аеродромите и добавувачите за да се договараат потребните услови, изјави портпаролот на компанијата. "Ние ги разгледуваме сите можности за обезбедување на долгорочна конкурентност на авиокомпанијата". Lufthansa одби да даде коментар за статијата на весникот. Тотенхем, кој го наследи Кристоф Франц на вишиот менаџерски пост пред два месеци, планира да ја претстави новата концепција за неколку недели. Најголемата авиокомпанија на Европа ги намали во средината на јуни целите за профит за оваа и за следната година поради повеќе сериозната конкуренција со цена во Европа и на пазарот на долги растојанија до Америка. Концернот ги намали своите очекувања за оперативната добивка за 2014 година од 1,3-1,4 милијарди евра до 1 милијарда евра. Одборот на директори сака да го засили својот одговор на зголемената конкуренција од страна на државно поддржани авиокомпании од регионот на Персискиот залив и сега го става целиот бизнис на тест. Lufthansa планира да воспостави нов ниско буџетен превозник и за правците во рамките на Европа, напишаа пред време весниците. За таа цел таа сака да ги додаде предлозите на својата ќерка авикомпанија Germanwings и да се спротивстави силно на конкурентите Ryanair и Easyjet. Новата ниско буџетна авиокомпанија би можела да настане под чадорот на својата ќерка компанија Lufthansa Eurowings што засега извршува правци на Germanwings со помали машини. К.К.