03 Јули, 2024
0.0481

Погледнете кои земји примиле најмногу бегалци од Сирија

Објавено во: Свет 23 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Поради бранот на бегалци од Блискиот Исток Хрватска е „на апарати“, иако уште никој од тие очајни луѓе во оваа балканска земја не добил ниту чаша вода.

Од Сирија, од која е најголем бројот бегалци кои поминуваат низ „балканската рута“, во период од 211 досега, вкупно избегале нешто повеќе од четири милиони луѓе, пишува хрватски индекс.

Иако многумина се прашуваат зошто овие луѓе доаѓаат во Европа, и зошто не бегаат во околните земји, факт е дека најголем број Сиријци се сместени во Турција, Либанон и Јордан.

Според податоци на УНХЦР, 2,2 милиони Сиријци се наоѓаат во Египет, Ирак, Јордан и Либанон, 1,8 милиони од нив се во Турција, додека 24 илјади се во Либија.

Оние кои стравуваат од „планско раселување со кое сакаат да ја исламизираат Европа“ ќе ги изненади податокот дека во земјите на Европа стигнале само 8 посто од сириските бегалци.

Во период од 2011 година до јули 2015 година азил во европските земји побарале 348.000 Сиријци.

Околу 47 проценти од бегалците од Сирија побарале азил во Германија и Шведска, 33 отсто во Србија, Унгарија, Австрија, Бугарија и Холандија, а 20 отсто во другите земји.

Додека Хрватска, кој бега и локалното население се плаши од доселувањето на странците, развиените западни земји секоја година добиваат стотици илјади луѓе.

sirijaazil_opt

Европската унија има околу 500 милиони жители, од кои 7 проценти не се роден на нејзината територија. Во Швајцарија живеат 27 проценти од имигрантите, Норвешка 12 отсто и 20 отсто Канада, Австралија 27 отсто, 24 отсто во Нов Зеланд и САД 13 отсто.

Имиграцијата има големо позитивно влијание врз економијата и демографијата на овие земји. Според проекциите на Европската унија, која се соочува со стареење на населението, бројот на работоспособното население во споредба со постари од 65 години, 2060 година би можел да падне на 2 спрема 1. Без имиграција, населението на Европската унија до 2080 година би се намалило на 400 милиони, од сегашните 500 милиони луѓе.

ЕУ има воспоставено Азилантски, миграциски и интеграциски фонд, кој во буџетскиот период од 2014 до 2020 располага со 3,14 милијарди евра, чија цел е поддршка на мигрантите во смисла на информирање, едукација и совладување на јазик, како доселениците подобро би се интегрирале.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар