20 Декември, 2025
0.0339

Погледнете што содржи договорот на Грција со крдиторите

Објавено во: Балкан 11 Август, 2015 16:32

Добивај вести на Viber

Грција постигна договор со меѓународните кредитори на земјата со кој треба да избегне финансиски колапс и излез од еврозоната, а помошта на Атина е условена со следните цели и реформи, пишува Индекс.хр.   Цели: – Грција на почетокот на 2016 година мора да оствари примарен буџетски суфицит. Дефицитот за оваа година не смее да биде над 0,25 проценти од БДП, додека буџетскиот суфицит во 2016 година треба да изнесува 0,5 проценти, за потоа да порасне на 1,75 отсто во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година. – Грчката економија годинава ќе забележи намалување меѓу 2,1 и 2,3 отсто, 0,5 проценти во 2016 година и ќе оствари раст од 2,3 отсто во 2017 година. Меѓу условите за добивање на дел од помошта се: – Нов закон за нефункционалните банкарски кредити. – Дерегулација на пазарот на гас. – Создавање на независен и суверен фонд преку кој Грција ќе обезбеди 50 милијарди евра, од кои три четвртини ќе бидат искористени за докапитализација на банките и намалување на долгот. – Укинување на даночните олеснувања за земјоделците кои сега добиваат субвенции за гориво. – Построги правила во системот за наплата на даночните обврски. – Зголемување на данокот на солидарност од 4 на 6 проценти за лицата што заработуваат меѓу 50 и 100 илјади евра годишно. Грција во јули веќе усвои дел мерки, вклучително: – Упростени стапки на ДДВ и негова поширока примена. – Намалување на пензиите и создавање независна статистичка агенција. – Реформи на правосудството и прифаќање на европските резолуции за спас на банки. Пред Грција се уште: – Амбициозна реформа на пензискиот систем. – Реформи поврзани со работната недела, сопственоста на аптеките, производството и продажбата на млечни и пекарски производи. – Приватизација на инфраструктурата за пренос на електрична енергија. – Ревизија на колективните договори, индустриските акции и масовни отпуштања.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација