15 Јуни, 2024
0.0321

Поголемата финансиска писменост и проширувањето на видокругот, нудат повеќе можности: Горан Здравковски од Кроациа осигурување живот

Објавено во: Интервјуа 12 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

„Она што го превземаме како конкретна мерка е концептот на советодавна продажба. Луѓето мораат да бидат информирани за бенефитите кои ги имаат од продуктите и за начинот на функционирање на производот. Кога ќе успееме да го пробудиме чувството за потреба од осигурување, прашање на време е само кога ќе го применат овој концепт на заштита“ вели Горан Здравковски од човечки ресурси и едукација од Кроациа осигурување живот кој во оваа интервју зборува за едукацијата на нови вработени и едукација по школски институции.

*  Колку финансиската писменост и осигурителната едукација се битни клиентите да донесуваат правилни финансиски одлуки?

Како компанија која нуди еден поинаков финансиски производ од традиционалните на кои сме навикнати, сведоци сме дека финансиската писменост и осигурителната едукација, за жал се на едно незадоволително ниво и апсолутно имаме потреба како општество од подигнување на повисоко ниво во овој сегмент.

Апсолутно е точно дека поголемата финансиска писменот и проширувањето на видокругот, нудат повеќе можности кои нудат и повеќе но и помалку ризични можности за пасивен приход и начини на заработка, кои отстапуваат од традиционалните инструменти, а имаат поголема сигурност. Истото важи и за осигурувањето. Со самото склучување на полиса која за среќа во Република Македонија сеуште има ниска цена без разлика на класата на осигурување, добиваме огромна заштита, за која веројатно стануваме свесни откако би се случил некој немил настан.

Правилните финансиски одлуки се носат на база на знаење и искуство, па поради тоа, допрва очекуваме експанзија на овој бизнис. Со оглед на исплатените штети од осигурувањето, исплатените доживувања и зголемувањето на пазарот на осигурување, можеме да констатираме дека довербата се повеќе расте, а новиот пристап во образовните процеси и се почестите кампањи кои ги организираат и финансиските институции и регулаторот, ни даваат верба дека ќе успееме заединички да ја оствариме целта. 

*  Што конкретно презема компанијата Кроациа осигурување - Живот во поглед на овие прашања?

Самиот факт што Кроациа Осигурување Живот е лидер на пазарот за Животно Осигурување повеќе години наназад, дава една друга димензија и поголема одговорност во овој дел.

Ова е тема за која секогаш зборувам со особено задоволство. Имено, Кроациа Осигурување Живот, е Осигурителната компанија која вложува најмногу внимание и ресурси во насока на подигнување на финансиската писменост и осигурителната култура. Ова е всушност и дел од нашата стратегија до која цврсто се држиме и работиме на покревањето на свесноста за потребата од осигурување. Ова го правиме преку учество на разни настани, кампањи, саеми и  соработка со многу инстутуции, каде сакаме да ја претставиме и промовираме потребата од производите кои ги имаме во нашето портфолио, а се насочени кон сите возрасни категории и сечии потреби.

Навистина сме задоволни од резултатите кои се плод на нашиот труд, но исто така сме сигурни дека во однина овој ефект ќе биде се поголем во однос на зголемувањето на свесноста за потребата од осигурување, без разлика дали се работи за животно или неживотно осигурвање. 

*  Дали потребата од повисоко ниво на финансиска писменост и едукација ја наметнува и потребата од зголемена активност за едукација во училиштата?

Искрено, многу ме радува фактот што едукативниот пристап следејќи ги потребите на пазарот е доста променет во последниве неколку години. Образовните институции увидоа дека реалниот сектор е оној кој станува многу поатрактивен од јавниот или државниот, и во таа насока се повеќе ги насочуваат студентите и учениците кон стекнување на практични искуства и вештини, кои во иднина би ги искористиле за себендаградување.

Како компанија, имаме соработка со седум високообразовни институции и три средни училишта, каде обавуваме гостински предавања, разговараме за концептот на животно осигурување и општо осигурување, но исто така на нивните ученици и студенти им нудиме и практикантска работа во нашата компанија и можност да го искусат целиот работен процес.

Особено сакам да истакнам задоволство од податокот што уште во петто одделение, децата имаат можност да се одлучат за Финансиска писменост како изборен предмет, што уште од најмали нозе ќе им овозможи запознавање со инструментите за остварување на сигурност и заштита, но и остварување на некој пасивен приход. 

*  На кои начини Кроациа се обидува да ја подигне свеста кај населението за потребата од животно осигурување?

- Постојан разговор и постојана едукација. Чесниот и искрен пристап е наша одлика затоа што производите кои ги нудиме се долгорочни и доста значајни за секој клиент,  па од таму најбитна ни е довербата која клиентите ни ја даваат.

Она што го превземаме како конкретна мерка е концептот на советодавна продажба. Луѓето мораат да бидат информирани за бенефитите кои ги имаат од продуктите и за начинот на функционирање на производот. Кога ќе успееме да го пробудиме чувството за потреба од осигурување, прашање на време е само кога ќе го применат овој концепт на заштита.

Исклучително битна ни е конекцијата со сите лица и компании, поради тоа што нашата мисија е доста благородна, а тоа е пружањето на безбедност на клиентите. Оттука произлегува и учеството во сите кампањи, акции, каравани кои имаат за цел да ја покренат свесноста, а со самото тоа и директно влијаат на креирање на една осигурителна култура која е значајна за целото општество.