Покрената петиција – „Не“ за минијатурни фигури на војници на Вармахтот
Објавено во: Свет 20 Декември, 2017
Германскиот народ покрена петиција во која се бара од трговскиот интернет-гигант Амазон да прекине со продажба на минијатурни фигури на војници на Вермахтот.
Во петицијата се вели дека тие фигури претставуваат еден од најнехуманите режими во светската историја. Во играњето со нив, децата ги прифаќаат оружјето и униформите како нешто нормално, а тоа претставува недозволено влијание врз деца.
На страниците на платформата Амазон или Ибеј може да се пронајдат многу минијатурни фигури што се викаат Heinz или Wolfgang облечени во униформи на Вермахтот.
Дел од тие фигури имаат и обележја на озлогласените Ес-Ес единици, а ваква слична иницијатива е покрената и во Франција.