15 Декември, 2025
0.3612

ПОКРИВОТ ОД ГЕРМАНИЈА, МЕРМЕРОТ ОД ИНДИЈА, ОВА Е ЛУКСУЗНАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА „ТУРСКИОТ СУЛТАН“: Медиумите откриваат колку чинат само тапетите на Ердоган

Објавено во: Свет 28 Мај, 2023 14:03

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се соочи со својот главен ривал Кемал Киличдароглу во вториот круг од претседателските избори. 20-годишното владеење на Ердоган секако одбележа една ера во Турција, а симболот на неговата голема моќ е неговата официјална резиденција, таканаречената „Бела палата“ или Ак Сарај.

Ердоган живее во палата лоцирана во заштитеното природно подрачје Бешчепекој на периферијата на Анкара. Палатата првично беше изградена со идеја да служи како канцеларија на премиерот, но набргу по пристигнувањето на Ердоган, таа стана седиште на претседателството.

За изградбата на оваа вила, на која инсистираше претседателот, е користен скап материјал увезен од различни земји во светот. Кога Ердоган почна да гради, рече дека ќе користи природни материјали од Турција. Но, неговите противници тврдат дека покривот е увезен од Германија, а мермерот во собите е од Индија. Други материјали се увезени од Велика Британија, Франција и Италија. Дури и дрвјата дојдоа од Холандија и Италија.

Над 1.000 соби, сите преплавени од луксуз

Целиот комплекс се состои од една главна зграда и две помошни згради кои се користат за средби и посети на значајни државници. Се простира на 300.000 квадратни метри и има околу 1.150 спални соби, од кои 250 се наменети за Ердоган и неговото семејство.

Ѕидовите на палатата се украсени со свилени тапети кои чинат околу 3.000 евра за ролна.

Палатата има и дополнителни соби за гости, ботаничка градина, просторија со сателит и воен комуникациски систем, бункери кои можат да издржат биолошки, нуклеарни и хемиски напади, парк и конгресен центар.

За теписи се потрошени околу 8,2 милиони евра, а за 400 пара врати 5,9 милиони евра. Има голем број на бањи, базени и бањи. Палатата има прекрасни градини и е осветлена цела ноќ, така што повеќето од 4,5 милиони жители на Анкара можат да ја видат.

Палатата во „нео-селџукидски стил“ - базирана на градбите од 11-13 век век, се простира на парцела купена од основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

ФОТО: Twitter

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете