06 Јануари, 2025
0.0246

Пола милијарда долари до сега за „кинеските“ автопати

Објавено во: Финансии 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Речиси за 100 милиони евра е зголемена задолженоста, односно висината на кредитите кои Македонија ги има кон странските банки за изградба на автопати и локални, државни и експресни патишта како и нивна рехабилитација и реконструкција. Ако на крајот на 2018 состојбата на задолжување кај ЈП Државни патишта била 31,4 милијарди денари кај финансиерите, на крајот од минатата година таа изнесувала 37 милијарди денари, пари што се должат за вкупно 11 заеми.

Исплатата на автопатите од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид финансирана од Ексим Банка Кина допрва започнува со завршувањето на петгодишниот грејс-период откако нивната изградба започна во 2014. Од независниот ревизорски извештај може да се види дека финансирањето лани на овие две делници одело бавно. 

За Миладиновци - Штип како единствен автопат во Источна Македонија до крајот на 2018 биле префрлени околу 183 милиони долари, односно во текот на минатата година се дадени 33 милиони долари за негова доизградба иако веќе требаше да биде пуштен во употреба до тогаш. За автопатот Кичево - Охрид до сега од кинескиот кредитор се префрлени 287,6 милиони долари, иако истиот ќе чини многу повеќе кога ќе заврши неговата изградба, но лани поради прекините во работењето се префрлени околу 49 милиони долари. 

Оваа година, според програмата на ЈП Државни патишта, се очекува годишниот заем од Експорт Импорт Банка од Кина да изнесува повеќе од 80 милиони долари, со тоа што првиот автопат е пуштен во употреба од пред два месеци, додека за вториот не може да се даде прецизен рок кога ќе биде довршен. Каматата изнесува 2 отсто, а ќе ги плаќаме во наредните 15 години. За првиот пред да започне изградбата беше предвидено да чини 206 милиони евра кај кредиторот, додека за другиот сумата може да достигне и до 600 милиони евра според претпоставките.

Македонија преку ЈП Државни патишта им должи и на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка и станува збор за многу помали заеми за разни проекти. Два кредити минатата година биле затворени, на шест во тек им е исплатата на ратите, а за четири од нив враќањето на основниот долг и каматите допрва ќе започне.

Каматите се движат од 2 до 3,62 отсто, а отплатата на последниот кредит од актуелните истекува во 2043.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПАЗАРНАТА КАПИТАЛИЗАЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА - еве какви плафони достигнале и другите акции во декември

ПАЗАРНАТА КАПИТАЛИЗАЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА - еве какви плафони достигнале и другите акции во декември

ОВИЕ 10 ДРЖАВИ СКЛАДИРААТ НАЈМНОГУ ЗЛАТО ВО СВЕТОТ - на новата листа две значајно скокнаа

ОВИЕ 10 ДРЖАВИ СКЛАДИРААТ НАЈМНОГУ ЗЛАТО ВО СВЕТОТ - на новата листа две значајно скокнаа

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ПЛАТА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - има 65 години, но пензија не планира. Еве во што е тајната на неговиот успех

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ПЛАТА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - има 65 години, но пензија не планира. Еве во што е тајната на неговиот успех

СТАТИСТИКА ЌЕ ПОПОЛНУВА 25 ПОЗИЦИИ: Платите се движат од 25 до 35 илјади денари, еве ги деталите

СТАТИСТИКА ЌЕ ПОПОЛНУВА 25 ПОЗИЦИИ: Платите се движат од 25 до 35 илјади денари, еве ги деталите

СТАНА НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО ГРЕШКА И ИЗГУБИ СЀ ЗА 2 МИНУТИ: Не можеше да ја прочита ни 17-цифрената сума на Пејпал сметката

СТАНА НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО ГРЕШКА И ИЗГУБИ СЀ ЗА 2 МИНУТИ: Не можеше да ја прочита ни 17-цифрената сума на Пејпал сметката

ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ВО ГРЦИЈА ГОДИНАВА: Подгответе ги паричниците

ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ВО ГРЦИЈА ГОДИНАВА: Подгответе ги паричниците

ЖИВЕЕЊЕТО КАКО БОГАТАШ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСКАПО: Еве што удри по џебот на милијардерите

ЖИВЕЕЊЕТО КАКО БОГАТАШ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСКАПО: Еве што удри по џебот на милијардерите

ПЕСИМИЗАМ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ - пад на индексите на Wall Street

ПЕСИМИЗАМ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ - пад на индексите на Wall Street

ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЕВРОПА:Ќе се изненадите кога ќе видите за кој модел станува збор

ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЕВРОПА:Ќе се изненадите кога ќе видите за кој модел станува збор