СТАНА НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО ГРЕШКА И ИЗГУБИ СЀ ЗА 2 МИНУТИ: Не можеше да ја прочита ни 17-цифрената сума на Пејпал сметката
Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2025 07:30
Има многу приказни за издигнување од сиромаштија до богатство. Без разлика дали се работи за одлична идеја што започнала во гаража или среќен лоз, сите ние сакаме приказна за некој кој одеднаш се збогатил. Сепак, некои приказни не се толку конвенционални.
Еден човек стана најбогатиот човек на светот под многу необични околности - иако неговото богатство не траеше долго. Ја проверил својата банкарска сметка и открил дека му биле исплатени 70 квадрилиони фунти. Оваа збунувачка ситуација се случи во јули 2013 година кога Рејнолдс го отвори PayPal. За да имате претстава колку е огромна оваа сума, бројот има 17 цифри.

Со оваа огромна бројка на неговата сметка, Рејнолдс стана најбогатиот човек на светот. Ова го става пред мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим, кој има нето богатство од 67 милијарди долари. Пред „среќната победа“, Рејнолдс никогаш немаше добиено повеќе од 1.000 долари на PayPal, а тоа беше откако продаде комплет винтиџ гуми на BMW на eBay.
Зборувајќи за неговото ненадејно богатство за Филаделфија Дејли Њуз, Рејнолдс рече: „На почетокот мислев дека должам квадрилиони. Беше вистинско изненадување“.
Сите имаме големи планови за тоа што би направиле доколку освоиме многу пари. Купувањето куќа обично е на врвот на листата, но сите велиме дека би сакале да донираме во добротворни цели, за да се чувствуваме подобро.
Што беше на врвот на листата на приоритети на Рејнолдс?
Тој сакаше да помогне во намалувањето на државниот долг и да го купи Филаделфија Филис - бејзбол тим од Филаделфија. Сепак, PayPal брзо сфати дека имало грешка и се извини за „непријатноста“. Во соопштението, PayPal рече: „Ова е очигледна грешка и ние сме благодарни што г-дин Рејнолдс го разбра случајот“.
Парите морале да се подигнат од сметката, но компанијата понудила да донира необјавена сума.
„Најдовме инспиративно што реши да ја искористи оваа ситуација за да донира за кауза во која верува“, велат од компанијата. „Се надеваме дека ќе го почитуваме овој дух со донирање на кауза по негов избор - го контактиравме за да ја прошириме оваа понуда и да му кажеме дека сме благодарни што тој е наш клиент!
Курир.рсФото:Принтскрин
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





