05 Декември, 2025
0.1032

СТАТИСТИКА ЌЕ ПОПОЛНУВА 25 ПОЗИЦИИ: Платите се движат од 25 до 35 илјади денари, еве ги деталите

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2025 07:34

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика објави два огласи на својата веб страна со кои ќе пополни дури 25 работни места. Со еден од огласите ќе се пополнат 24 позиции, а со вториот едно место. Огласите откриваат дека платите на вработените ќе се движат од 25 илјади денари, па се до 34.400, секако зависно од позицијата која ќе ја добијат. Станува збор за нето примања, што значи толку ќе им легнуваат на сметките.

Огласот открива дека сите кои ќе конкурираат мора да ги исполнат најпрво општите услови за работа во администрација, значи да се државјани на Македонија, полнолетни, без забрана за дејност, солидно познавање работа со компјутери... Дополнително зависно од позицијата за која конкурираат, кандидатите треба да имаат високо образование, соодветно за работата, но и солидно познавање на еден од светските јазици, англиски, германски или француски.

Во суштина во Државниот завод за статистика се бараат кандидати кои ќе пополнат позиција Советник за сектор за нефинансиски претпријатија – одделение за пресметка на БДП по производен метод и секторски национални сметки чија плата ќе достигнува 34.328 денари. Се бара кандидат и за Соработник за сектор држава – за иста позиција но со пониска плата, односно 29.989 денари. Со огласот се бара и Виш соработник за надворешна трговија чија плата е благо над 30 илјади, па Советник за цени на земјоделски производи со плата од 34.382 денари, Виш соработник за цени на производители на индустриски производи со плата од 30.868 денари, но и Виш соработник за туризам, внатрешна трговија и услуги кој ќе добива иста плата како и претходната позиција.

Од испразнетите позиции во Државниот завод за статистика, со овој оглас треба да се пополнат и позициите Советник за статистички деловен регистар, Советник за демографија на претпријатија, Виш соработник за транспорт, Советник за енергетика...

Деталите за овој оглас може да ги видите на линков: https://www.stat.gov.mk/Oglasi/InterenOglas_01_2024.pdf

Од друга страна, ДЗС има распишано уште еден оглас, со кој е предвидено да ја пополнат позицијата Раководител на Одделение за управување со човечки ресурси – Одделение за управување со човечки ресурси. Кандидатите мора да имаат високо образование, да знае странски јазик, но и компјутери, потврда за положен испит за административно управување, четири години работно искуство во областа, една година работно искуство во јавен сектор... Платата за оваа позиција е 38.248 денари. Деталите на овој линк - https://www.stat.gov.mk/Oglasi/InterenOglas_02_2024.pdf.

Роковите за пријавување се десет дена од објава на огласите, но во нив нема податоци дали станува збор за договори на одреден период, или пак за вработување без рокови, односно на неопределено време.

П. О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката