05 Декември, 2025
0.0358

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ПЛАТА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - има 65 години, но пензија не планира. Еве во што е тајната на неговиот успех

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2025 06:23

Добивај вести на Viber

Неговиот работен ден почнува во 5:45 часот наутро, а работното време често се протега и до 14 часа дневно. Двапати неделно не пропушта тренинзи во теретана, одржувајќи ја дисциплината која го донесе на врвот на групата UBS.

Серџо Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка УБС, не планира да се пензионира и покрај тоа што наскоро ќе наполни 65 години. По турбулентната 2023 година и преземањето на Credit Suisse, Ермоти најавува дека ќе остане на чело на банката до 2027 година.

- Иако веќе постигнав многу, морам повторно да се докажам. Ова е голема одговорност – изјави Ермоти во неодамнешното интервју за швајцарскиот Мигрос-Магазин.

Враќајќи се на чело на UBS по драматичното преземање на болниот Credit Suisse во март 2023 година, Ермоти го виде тоа како своја должност.

– Бев привлечен од можноста да учествувам во пишувањето на едно од најважните поглавја на глобалната финансиска индустрија – објаснува банкарот кој веќе еднаш успешно го водеше UBS низ кризни времиња, од 2011 до 2020 година.

Неговата годишна плата од околу 15 милиони евра предизвика бурни реакции во јавноста. Но, Ермоти, кој се сеќава на своите почетоци и неговата прва плата од 360 евра месечно како практикант во банката Корнер, не гледа проблем.

-Ја знам вредноста на парите и разбирам дека на многумина мојата сегашна плата не им изгледа нормална. Понекогаш се прашувам зошто високите плати предизвикуваат толкаво внимание, а истите суми во спортот и забавата минуваат без коментар - вели првиот човек на УБС.

Во врска со спојувањето на Credit Suisse со UBS, Ермоти истакнува дека најголемиот предизвик е поврзувањето на сметководствените системи на двете банки во едно. Новата, обединета банка денес има значително помалку средства отколку пред финансиската криза од 2008 година, што ја прави постабилна и побезбедна. Со капитал од речиси 200 милијарди долари за покривање на можните загуби, Ермоти убедливо тврди дека ризикот за даночните обврзници е минимален:

- Дури и да има проблеми UBS, речиси е невозможно даночните обврзници да загубат дури и франк.

Ермоти ги отфрла критиките за прекумерната концентрација на моќ во рацете на УБС, потсетувајќи дека повеќе од 200 домашни и странски банки работат во швајцарскиот банкарски сектор.

- Конкуренцијата е жива и здрава - нагласува тој, додавајќи дека големите банки денес претставуваат фактор на стабилност, а не ризик во време на криза.

(Вечерњи лист)

Фото: ЕПА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката