06 Декември, 2025
0.0794

Полицајци протестираа, биле малтретирани за „Пулс“ и за смртта на Росица

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2025 15:18

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на полицијата изрази револт пред Обвинителството за гнење на роганизиран криминал и корупција за третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Од таму порачаа дека бараат правда за сите жртви, за нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразуваат поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата. Не се противат на истрагата против полициските службеници, туку бараат истрагата да биде јавна и транспарентна.

„Барем еден распит на полициските службеници да биде јавно објавен да видите каков третман има обвинителството кон нас. Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, верувајте дека ќе заглави по затвори“, изјави Мартин Ефремов, претседател на незвисен синдикат на полицијата.

Полицајците симболично ги оставија нивните легитимации со цел да укажат како што рекоа дека им е смачено да чекаат кој следен од нив ќе биде уапсен. Од утре најавија дека започнуваат со поднесување на кривични пријави против обвинители и судиите.

„Воедно бараме обвинителството итно да постапи и да излезе да види зошто Државната комисија за одлучување во управна постапка по втор степен не постапува по приговорите кои што ги поднесовме за решенијата за мирување на нашите колеги за кои што нема никаква пресумција на невиност. Дел од нив се уште немаат ни обвинение, меѓутоа повеќе од 6 месеци се оставени без плата, без придонеси, без никакво право на егзистенција. Можеби подобро ќе беше тие луѓе да ги ставеа во притвор, барем ќе имаше што да јадат и да пијат вака се оставени сами на себе“, додаде Ефремов.

Изразија поддршка и за нивните колеги против кои се води дисциплинската постапка по убиството на велешанката Росица Коцева и нејзиниот татко, бидејќи и во тој случај прва на удар била полицијата, иако била поднесена кривична пријава за убиецот.

Собирот започна пред основното јавно обвинителство,  продолжи кај црквата Богородица каде запалија свеќи за жртвите од пожарот во „Пулс“и заврши пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија