20 Мај, 2024
0.0287

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ СЛАВАТ: Вработените во МВР кои прекувремено изработиле над 150 часови, денеска ќе добијат бонус плата

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски извести дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година.

Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените“, вели Спасовски.

Според него, благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

„Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40 отсто“, истакна Спасовски, додавајќи дека за актуелното раководство на МВР императив е подобрувањето на статусот на вработените во МВР.

Можеби ќе ве интересира

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада