05 Декември, 2025
0.0377

ИЗВОРИ ОД МВР: Преземаме активности за пронаоѓање на Мијалков, судот му одреди мерка куќен притвор

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021 00:30

Добивај вести на Viber

Според информации на Фактор кои се уште се неофицијални, судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. 

Од МВР неофицијални извори велат дека преземаат мерки за негово пронаоаѓање.

„Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање“, велат за Фактор неофоцијални извори од МВР. 

Припадници на полицијата вечерва го бараат на повеќе локации поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалов.

Ова следува откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно, како и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот Таргет-Тврдина, му се заменуваат со куќен притвор, до изрекувањето на првостепената пресуда,

Според информциите, за Мијалков е распишана централна потерница.

Освен тоа што не успеачле да го пронајдат во неговиот дом на Водно, полицијата не го пронашла Сашо Мијалков ниту во хотелот Мериот.

Инаку, пресудата за случајот Таргет Тврдина е закажана за 26 февруари, во кој осомничен е и Мијалков.

Полицијата, го бара Мијалков и на повеќе локации низ Скопје, каде што тој често престојува, како и во зграда во близина на домот за деца без родители во Скопје, каде има стан.

Како што е познато, за случајот Таргет-Тврдина Обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови, со што сега следува објавување на пресудата. Според Обвинителството, Мијалков од канцеларија вршел нелегално прислушување. Неговата одбрана ги орфрли бвинувањата.

На својот фејсбук профил, кој го отвори неодамна, Мијалков нема никаква објава.

Последна е онаа од 24 септември каде се збогува со Амди Бајрам.

Инаку, граѓаните на социјалните мрежи веќе го споделуваат своето незадоволство од можното бегство на поранешниот шеф на УБК.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите