Полицијата уапси две лица за киднапирањето на внукот на Бошкоски, се бара притвор од 48 часа
Објавено во: Македонија 09 Март, 2023
Притвор од 48-часа бара обвинителството за две лица кои се осомничени за киднапирањето на внукот на поранешниот премиер Љубе Бошкоски.
„На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје“,објави МВР.
За лицата постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.
Братот на Самоил Костадиновски на четврти март пријавил дека е исчезнат. Тој е внук од братот на Виолета, сопругата на Бошкоски.