24 Ноември, 2024
0.0279

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ДО 05 ЧАСОТ ДО 15.МАЈ: По десет дена ново олабавување на мерките?

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Движењето на граѓаните од денеска до 15. мај е дозволено до 23 часот, односно полицискиот час ќе почнува од 23 и ќе трае до 05 часот изутрина. Ваква одлука донесе вчера Владата по препорака на Комисијата за заразни болести врз основа на анализите за епидемиолошката состојба. Истовремено се зголемува и работното време на локалите и угостителските објекти, но само на летните тераси и тоа е до 22.30.

-Од 5 мај, среда, забраната за движење со цел заштита од КОВИД-19 наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Мерката започнува да важи од 5 мај и ќе трае до 15 мај. Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи, се наведува во владиното соопштение по синоќешната седница.

Какви мерки ќе бидат утврдени по средината на месецов, Комисијата за заразни болести ќе одлучува непосредно пред 15.мај.

-Секојдневно ја анализираме состојбата. Веќе имаме драстично намалување на бројот на новозаразени, а со тоа во голема мера е намален и притисокот врз ковид-центрите и болниците каде се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот. Засега може да кажеме дека имаме поповолна епидемиолошка состојба, заради што и ги олабавуваме антиковид мерките. Но, што ќе предложиме по 15. мај секако ќе зависи од актуелната епидемиолошка состојба. од епидемиолошката крива која е најголем показател за ситуацијата со Ковид-19. Откако детално ќе ги изанализираме сите параметри, ќе видиме дали ќе има дополнително олабавување на мерките, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.

Оттаму исто така наведуваат дека и во наредниот период ќе се следат бројките на новозаразени, односно целокупната епидемиолошка состојба во Македонија, па најверојатно ќе следи постепено олабавување на рестриктивните мерки. Со цел да се спречи трансмисија на некои нови соеви на корона вирусот, Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил.

-Дел од болниците полека се враќаат на тековната работа, односно престануваат да бидат ковид-центри, има голем број исписи на дневна основа, но и во овој период мора да сме внимателни. Не може се наеднаш да се олабави, зошто и досега искуството покажа дека станува збор за вирус кој е крајно непредвидлив и кој прави сериозни и многу попреносливи мутации кои даваат многу потешка клиничка слика, па и лекувањето во болнички услови трае многу подолго. Затоа препорачуваме вакви мерки, брифираат од Комисијата за заразни болести.

Во однос на вакцинацијата велат дека сега процесот непречено се спроведува насекаде во Македонија и очекуваат зголемен интерес кај граѓаните, особено по пристигнувањето на поголеми количини вакцини во земјава.

-Ние сме малубројна земја, брзо може да постигнеме колективен имунитет, но граѓаните мора да сфатат дека имунизацијата на населението против Ковид-19 е единствениот излез од пандемијата. Само така ќе можеме да ги укинеме сите рестриктивни мерки и да го вратиме „старото нормално“.

Анита Буховски 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина