Полициски час: Протест поради приведување во Сингелиќ
Објавено во: Македонија 14 Април, 2020
По неколку часа тензии заврши доцна синоќа протетсот во скопската населба Сингелиќ. Стотина луѓе се собраа на улицата откако полиција уапсила тројца нивни сограѓани кои го прекршиле полицискиот час. Приведените пак тврделе дека биле во нивните дворови по што за нивна поддршка се случил и протестот.
Медиуми јавуваат дека меѓу приведените е и советникот од редовите на СДСМ во Општина Гази Баба, Берат Вејсел. Тој тврди дека бил уапсен во неговиот двор, по што бил однесен во полициска станица, откако полицијата применила сила. Набргу на улицата кај црквата кај локалниот стадион се насобрале стотина граѓани кои барале нивно ослободување. Вејсел бил задржан на информативен разговор, а по половина час дошол градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. Градоначалникот рекол дека ќе ја смири состојбата и полицијата се воздржала од интервенцијата. Приведените биле пуштени, а граѓаните си заминале дома.
Некои медиуми јавија дека според полицијата, претходно неколку лица во населбата
биле затечени како шетаат по улиците и
кршеле лежечки полицаец.
Самиот Берат Вејсел претходно на социјалните мрежи објавил и таква фотографија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.