Полициски час во Грција: Во Солун за викенд почнува од 19 часот
Објавено во: Балкан 04 Март, 2021
Позасилени мерки за движење воведува Грциоја од денеска. Полицискиот час ќе трае од 19 или од 21 часот во зависоност од тоа во која зона се наоѓа градот и ќе трае до 5 часот изутрина. Мерките ќе важат до 16 март кога повторно ќе се преиспиуваат.
Деталите ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.
Во Солун и Атина, од понеделник до петок полицискиот час ќе биде од 21, а само за викендите од 19 часот, а затворени се сите училишта.
Во следните 12 дена, ќе важат нови правила во однос на смс – пораките кои граѓаните, за време на карантинот ги користат за движење, избирајќи една од понудените шест опции.
Измените со новите мерки се однесуваат на продавниците за храна (супермаркет, минимаркет и сл) и банките, при што дозволено ќе биде посета само во рамките на општината или најмногу до два километри оддалеченост од местото на живеење.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 2.702, нови случаи со ковид-19, а 1.270 од новозаразените се во областа Атика. Регистрирани се и 40 смртни случаи, а 431 лица се на апарати на Одделите за интензивна нега.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.