Политичарите го критикуваат Курти дека ги расипал односите со САД и дека развојот е на нула
Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2023
Косовски политичар го нападна косовскиот премиер Албин Курти дека ги уништил односите со САД.
Членот на Демократскиот сојуз на Косово, Висар Аземи изјави дека премиерот Албин Курти има проблем со целата американска политика, а не со поединците кои се на власт во САД.
Аземи, коментирајќи го текстот објавен од „Политико“, во кој се наведува дека Курти успеал да ги обедини републиканците и демократите во САД, изјави дека Курти не ја сака ни актуелната власт во Америка и покрај тоа што тој го поддржа на изборите.
Вели дека на Косово не му требаат луѓе кои ќе ги уништуваат односите со САД. Пратеникот на АБК, Бека Бериша оцени дека косовскиот премиер Албин Курти ја изгубил поддршката од САД и ЕУ и ги уништил односите со Албанија. Бериша на Фејсбук пишува дека економијата и развојот на Косово се „на нула“.
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај се сретна со делегацијата на Парламентот на Австрија, со која разговараше за ситуацијата на северот на Косово и чекорите за смирување на тензиите.
Западот бара деескалација, инаку Косово ќе трпи последици.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.