26 Јуни, 2024
0.0293

ПОЛИТИЧКА КРИЗА: влијае на странските, но уште повеќе на домашните инвеститори!

Објавено во: Економија 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Салдото на странските директни инвестиции во првите два месеци од годинава споредено со истиот период лани бележи пад од 26,7 отсто. Економистите се со поделени мислења околу причината за падот на инвестициите. Дел сметаат дека намалувањето е резултат на актуелната политичка криза, а дел на овој податокот не гледаат како на показател дека странските директни инвестиции се намалуваат. Сепак се согласуваат дека случувањата на политичката сцена ќе имаат влијание врз одлуките за инвестирање не само на странските туку и на домашните инвеститори. -Варијациите кај странските инвестиции од месец во месец се големи, така што падот во еден месец не би го сметал за показател дека износот на странските диреткни инвестиции се намалува. Намалувањето би требало да се случува неколку месеци по ред, за да може да кажеме дека не е случајна (сезонска или циклична) флуктуација и да го поврземе со одреден фактор. Меѓутоа, секако дека политичката криза може негативно да се одрази врз сентиментот на инвеститорите, во смисла на нивно воздржување од вложување, додека не видат поголема извесност во земјата. Притоа, не е ова правило само за странските инвеститори, туку секако и за домашните. Од времетраењето и интензитетот на политичките превирања ќе зависи како ќе се однесуваат и потрошувачите, што се заедно може да го доведе под прашање остварувањето на проектираниот раст за оваа година. Да заклучам, колку и дали политичката нестабилност ќе се одрази врз инвестициите зависи од повеќе фактори, кои е прерано да ги оценуваме, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Дел од економистите сметаат дека намалувањето на страснките инвестиции е директна последица на политичката криза. Укажуваат дека кризата треба што побрзо да се реши, бидејќи  во спротивно ќе ја доведе во прашање стабилноста на целокупната економија. -Странските инвеститори се многу претпазливи кога се работи за инвестирање на капиталот во земјите со политичка нестабилност. Тие се многу добро информирани за длабочината на нашата политичка криза, особено за неизвесниот исход од нејзино разрешување. Дополнително, честото менување на законската регулатива, проблемите со корупцијата, како и влошените пазарни услови во поширокиот регион (кризата во Украина и санкциите кон Русија, доведува до намалување на вкупната побарувачка, така што секое ефектуирање на нови производствени капацитети не би било рационално. Не верувам дека се работи за некаков цикличен процес туку, намалувањето на странските инвестиции е директна последица на политичката криза. Владата вели дека потпишува договори со инвеститори, , но политичката криза е веќе објективен ограничувачки фактор. Јас не сум претставник на тие кои гаате некакви илузии дека странските инвестиции, особено тие во слободните економски зони имаат некакво големо значење за потикнување на економскиот раст, особено не на економскиот развој. Повеќе верувам во заедничките вложувања на странските и домашните инвеститори, како основен предуслов за забрзување на економскиот раст. Но, во актуелните состојби нема никакви шанси за зголемување на инвестиционата потрошувачка, ниту од домашните ниту пак од странските инвеститори. Доколку во скоро време не се разреши политичката криза очекувам забрзано иселување на капиталот, процес кој негативно ќе влијае на само врз нивото на економскиот раст , туку ќе ја доведе во прашање надворешната стабилност на домашната економија, вели универзитетскиот професор Сами Бислими. Дека инвеститорите не се имуни на политичката криза потврди и премиерот Никола Грувески, кој на Конгресот на кој беше резибран за претседател на ВМРО –ДПМНЕ, изјави дека дел од инвестотирите се загржиле. Но Груевски вината за тоа ја префрли кај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинувајќи го дека со како што ги нарече креираните материјали што ги објавува  опозицијата, Заев ги плаши инвеститорите. -Обидите на Заев за компромитација на Владата и создавање слика за нас како луѓе со најлоши намери и побуди, како и неговите закани за насилно превземање на власта, создаде мала загриженост и немир од потенцијална нестабилност кај дел од инвеститорите, но за среќа засега сеуште нема посериозни проблеми. Сепак нема да може целосно да се задржи спокојството кај инвеститорите ако Заев продолжи на ваков начин да и нанесува штета на сопствената земја, изјави премиерот Никола Груевски. Неодамна министерот за финансии Зоран Ставрески, порача дека политичката криза треба да има побрза разрешница со цел стопанството да ги оствари предвидените резултатите. -Со оглед на тоа дека кризата се пролонгира секако дека тоа не е добро за стопанството. Она што им треба на стопанствениците е политичка стабилност и извесност. Очекувам дека засега резултатите на стопанството нема да бидат влошени меѓутоа се зависи од тоа дали брзо ќе се реши политичката криза,  добро би било таа што побрзо да се затвори со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, изјави минатата недела министерот за финансии Зоран  Ставрески. Опозициската СДСМ веќе неколку месеци во јавноста објавува прислушувани разговори од како што тврди се гледа како Владата мести тендери,судски процеси, притисоци врз странски инвеститори.  Дел од економистите и претходно укажуваат дека со кризата која почна лани а годинава се продлабочи, лошо ќе влијае врз економијата, а со прислушваните разговори  се праќа лош сигнал за странските инвестори кои сакаат да учествуваат на македонските јавни огласи, коментираат дел од економистите. Според универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, ваквите информации можат да привлечат само коруптивни компании, но не и серозни компании. -Сигналот е поразителен. Ваквите информации ги бркаат сериозните компании кои не сакаат да го губат имиџот на чесност и компаративна предност, а ги привлекуваат оние кои се познати по малверзации. Тој имиџ земјата го задржува многу долго после нормализацијата на состојбите. Никој не сака да биде поврзуван со скандали и коруптивни зделки. Ваквиот имиџ на коруптивна “банана” држава земјата поприма и во однос на сите останати бизниси (извоз, увоз, директни и портфолио инвестиции). Треба да помине многу долг период на прочистување и нормализација за да се врати имиџот на нормална надворешно-трговска и инвестициона дестинација, изјави неодамна за Фактор, универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. Во првите два месеци влегле 47 милиони евра странски инвестиции Според податоците од Народната банка, вредноста на странскиот капитал во јануари и феруари годинава вкупно изнесувал близу 47 милиони евра, додека истиот период лани инвестициите биле на ниво од 64 милиони евра. Анализирано по месеци, во јануари странските инвестиции изнесувале 34,4 милиони евра, додека во февруари се регистрирани само 12 милиони евра, за разлика од истиот месец лани кога инвестициите биле дури 37 милиони евра. Вкупната вредност на странски инвестиции минатата година изнесуваше 262 милиони евра или само 10 милиони евра повеќе од претходната 2013-та. Анализирано по години, најуспешна година според салдото на инвестиции е 2007-та кога тие изнесуваа 506 милиони евра, а најлоша 2009 -та кога нивото на странските инвестиции беше 144 милиони евра. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Швајцарија во самиот врв

НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Швајцарија во самиот врв