19 Декември, 2025
0.0471

Политичката криза го „лизна“ економскиот раст

Објавено во: Економија 06 Мај, 2016 11:41

Добивај вести на Viber

Неминовен е падот на економскиот раст во време на подолга политичка криза.

Последените сценарија кои ги најави гувернерот Богов се последица токму лошата политика која владее во земјава.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2016 година и 2017 година за македонската економија прогнозира раст од 3,6% но истиот засега е неизвесен .

Вчера гувернерот Богов најави песимистичка прогноза со две сценарија.

Се очекува раст на БДП од 1,6% за 2016 година, или за 2 процентни поени понизок од основното сценарио. Народна банка смета дека најголемо надолно отстапување би имало кај личната потрошувачка и кај инвестиците, со опасност од дефлација.

„Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места“ – истакна Богов.

Пред два дена Народната банка реши да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи од 3,25% на 4% .

Според универзитетскиот професор Владимир Филиповски, бидејќи се работи за основна референтна каматна стапка, за очекување ќе биде комерцијалните банки да ги корегираат во нагорна линија каматните стапки за дел од кредитите.

„Овој потег на Народната банка беше очекуван и практично е на некој начин најавен од страна на гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Каматната стапка на благајничките записи е основна референтна стапка во економијата и според нејзините промени треба соодвтено да се менуваат и другите каматни стапки, а тоа се пред каматните стапки во банкарскиот сектор. Мислам дека она што Народната банка сака да го испрати како сигнал со одлуката за зголемување на каматните стапки на благајничките записи, е фактот дека доколку постои некој вишок на ликвидност, вишок на заштеди дека тие не треба да се претвораат во странски валути, туку дека треба да останат во денари.

Одлуката на Централната банка пак, дополнителниот заменик министер во оставка, Кире Наумов ја коментираше вака?

Гувернерот Богов пристапи кон антиинфлаторни мерки, со цел сузбивање на нестабилноста на девизниот пазар што е пред се од шпекулативен карактер. Во овој момент ни еден финансиски параметар не укажува дека домашната валута е под притисок на девалвација. Ситуацијата на девизниот пазар трае не повеќе од две недели и има први сигнали од комерцијалните банки дека во последните два дена е намалено повлекувањето на денарските депозити.

Доколку не постои друга позадина за оваа мерка, пред се од политичка природа, тогаш зголемувањето на каматата на благајничките записи во овој момент е контрапродуктивно. Сомнежот дека Гувернерот Богов подлегнал на политички притисок го потврдува и објавувањето на проспектите за аукција на домашни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии за наредната недела. Министерот Ставрески објави проспект за аукција на 3-месечни записи со девизна клаузула и со повисока каматна стапка. Двете одлуки заедно претставуваат класично долевање масло на огнот. Од една страна носителите на економските политики излегуваат во јавност и пренесуваат порака дека нема простор за паника, дека денарот е стабилен, дека ниту еден параметар не укажува на можна девалвација на денарот или пак инфлаторни движења, дека сите граѓани кои имаат денарски заштеди треба да бидат мирни, а од друга страна Гувернерот пристапува кон антиинфлаторни мерки, а Министерот за финансии се задолжува со евроклаузула.

Нерамнотежи од шпекулативен карактер се надминуваат со влевање доверба во стабилниот изглед на домашната валута, а не со мерки кои го укажуваат токму спротивното. Овие две мерки се потврда дека власта е спремна да ја пролонгира целата нестабилност уште извесен период само за да се обиде да ќари ситни политички поени, преку веќе виденото сценарио на обвинување на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд