19 Декември, 2025
0.0422

Политичката криза извлече над 100 милиони евра од две големи македонски банки!

Објавено во: Економија 04 Август, 2016 08:27

Добивај вести на Viber

Од официјалните податоци на Комерцијална банка и на НЛБ Банка се гледа дека до крај на јуни годинава депозитите се за 6,93 милијарди денари пониски од нивото во истиот период лани. Годинава за прв пат се пресекува долготрајната тенденција на постојан умерен раст за депозитната база. Што ќе следува? Граѓаните и фирмите во првите шест месеци годинава повлекле над 100 милиони евра депозити што ги чувале во две од трите најголеми банки во земјава. Споредбата на официјалните податоци кои ги објавија Комерцијална банка и НЛБ банка покажуваат дека двете заедно во депозити од други коминтенти (освен депозити на банки) имаат 6,93 милијарди денари (над 110 милиони евра) помалку од парите на граѓаните што кај нив се чувале истиот период лани. Кај Комерцијална банка износот на депозити до крајот на јуни годинава кои ги имаат граѓаните, здруженијата и фирмите во Комерцијална банка чувале 80,49 милијарди денари што е намалување за 3,3 милијарди денари во споредба со состојбата за истиот период лани. Кај НЛБ банка на крајот на јуни износот е 53,07 милијарди денари, а истиот период лани бил 56,7 милијарди денари. Во овој период депозитите се намалиле за 3,63 милијарди денари односно за 60 милиони евра. Во недостиг на официјални информации за причините за оваа тенденција многу е веројатно дека ова е резултат на политичката криза во земјава која особено пролетва се манифестираше преку тоа што многу граѓани загрижени за состојбата ги повлекуваа своите депозити од банките. Таа несигурност што во голема мерка ја катализираа некои политички инструирани јавни личности преку нивните настапи влијаеше кај граѓаните и резултатите се повеќе од очевидни. Ова е конкретно и целосно свртување на дотогашниот тренд, а тоа е да гледаме како со години наназад депозитите на граѓаните, здруженијата и компаниите се зголемуваат особено во најголемите домашни банки меѓу кои се и двете кои досега ги објавија своите податоци. За да добиеме целосна слика за тоа дали се работи за тренд што ги зафатил сите банки треба да ги почекамеполугодишните биланси и на другите банки кои ги објавуваат на берзата. Како и да е наскоро ќе се има и многу пореална слика за тоа и тоа ќе биде откако уште две од четирите големи банки : Стопанска банка Скопје и Охридска банка ќе ги објават своите полугодишни извештаи. Доколку и кај нив постои ист тренд кој се појави кај Комерцијална банка и кај НЛБ банка тогаш со поголема доза на сигурност ќе може да се каже дека политичката нестабилност влијаела врз одлуките на штедачите и ќе може да констатираме дека за прв пат по подолг период на раст на депозити се склучува реверзибилен процес. Од достапните истражувања кои се објавени на интернет страницата на Народната банка може да се види слична констатација и тоа цитираме: Неизвесноста околу политичките случувања во земјата, и во мај, имаше одраз врз депозитите на домаќинствата. Имено, тие и натаму се намалуваат, и тоа умерено засилено во споредба со април. Од валутен аспект, намалувањето на депозитите на домаќинствата главно произлегува од падот на денарските депозити. Тоа доведе до натамошно намалување на учеството на денарските депозити на домаќинствата во вкупните депозити на домаќинствата. (страница 25 од истражувањето кое може да го превземете од следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?