Политичката криза во Турција ја запрела изградбата на „Турски поток“
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2015 11:10
Политичката криза во Турција е причината за замрзнувањето на изградбата на „Турски поток“, тоа било јасно по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган, пишува руското издание „Коммерсант“.
Во овој момент веќе требаше да биде потпишан договор помеѓу двете страни за изградба на првата цевка од гасоводот. По изборите во јуни, меѓутоа во турскиот парламент не можеше да биде формирана коалиција, која може да формира влада.
Недостатокот на кабинетот е причината за отсуството и на договор, коментира заменик претседателот на Гаспром, Александар Медведев.
Првата цевка од „Турски поток“ треба да биде изградена до крајот на 2016 година. Според плановите таа ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри и ќе ги задоволува потребите од природен гас на турскиот пазар.
За прв пат Газпром соопшти за цената на целиот „Турски поток“ во август. Пресметките се дека новиот гасовод ќе чини 11,4 милијарди евра. Цената на првата цевка ќе биде 4,3 милијарди евра.
Врз основа на овие пресметки на рускиот гигант направени сепак без јасност во врска со бројот на изградените цевки, роковите за имплементација и договори со изведувачи, „Турски поток“ ќе биде поевтин од „Јужен поток“. Последните коментари на руската страна беа дека само морскиот дел на гасоводот ќе чини најмалку 9 милијарди евра.
Сепак, дури и цената да е дефинирана, немаат објавено и како проектот ќе биде финансиран. Поради ниските цени на нафтата на светските пазари повеќето компании во секторот ги стегаат инвестициите.
Профитот на „Гаспром“, исто така страда од најевтините суровини, а рускиот гигант веќе прави планови и да се проширува кон „Северен поток“, кои во оваа фаза изгледаат многу пореални од реализацијата на „Јужен поток“ или „Турски поток“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




