Добивај вести на Viber
СИРИЗА и "Нова демократија" имаат речиси еднакви резултати во последните анкети
Првата анкета во Грција откако владата поднесе оставка покажуваа значајна промена во политичкиот пејзаж отколку пред еден месец порано. Силите се израмнуваат и во следниот парламент ќе има две водечки партии - СИРИЗА и "Нова демократија", кои ќе имаат речиси еднаков број гласови, покажа истражувањето, цитирано од грчкото издание "Етнос".
Според нив, ако изборите се одржат наредната недела, владејачката неколку дена наназад СИРИЗА повторно ќе биде прва политичка сила, но веќе со едвај 24%, што е сериозен пад од јануари, кога партијата освои над 36% од гласовите на Грците.
Се зголемува резултатот за "Нова демократија" - до 22%, а третата политичка сила ќе биде "Златна зора" со 6%. "Потами", укажува за еден од можните сојузници на Алексис Ципрас по изборите, кој ќе собере 5,5% од гласовите на Грците, а Комунистичката партија ККЕ - 4,5%.
Резултат од 4,5% ќе добијат и отцепните од СИРИЗА - "Народно единство". Овој резултат значи дека Панајотис Лафазанис ќе успее да освои пратеници во парламентот. Во парламентот ќе влезат уште и ПАСОК, а на кантар се ANEL кои учествуваат во владејачката коалиција во моментов.
Изборната кампања во Грција уште не е започната - во моментов тече постапката за истражување на можностите за формирање влада од опозицијата. Досега "Нова демократија" не успеа да најде сојузници за да предложи кабинет. Можноста ја проучува Панајотис Лафазанис.
При прогласување на почетокот на изборната кампања партиите ќе се борат за гласовите на 15% од грчките гласачи, кои се уште не одлучиле за кого да го дадат својот глас.
И.Р.