17 Декември, 2025
0.0477

ПОЛИТИКА И ВО ХУМАНОСТА: Пет држави донирале пари за поплавите во БиХ, но не и за Србија

Објавено во: Балкан 16 Август, 2014 20:18

Добивај вести на Viber

На донаторската конференција за поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, која се одржа на 16 јули, најмалку пет држави уплатиле помош за Сараево, но не и за Белград. На оваа листа се Германија, Хрватска, Данска, Пакистан и Египет. Ерменија единствена дала пари за Србија, но не за Босна и Херцеговина, покажа анализата на податоците до кои дојдоа српските медиуми. Така, за санирање на штетите од поплавите во БиХ, Данска донирала 7 милиони евра, Германија 5 милиони евра, Хрватска 1,328 милиони евра, Пакистан 740 илјади евра, а Египет 25 илјади евра. Ерменија за Србија, пак, уплатила 74 илјади евра. Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, зборувајќи за донаторската конференција, истакна дека податоците се интересни за анализа. Сепак, тој вели дека тоа што некои земји не донирале за Србија на конференцијата не значи дека воопшто не дале пари за поплавите во оваа земја преку други канали. Интересно е што и САД во Брисел дале далеку повеќе пари за БиХ отколку за Србија. Така од Вашингтон на Сараево му биле уплатени 14,4 милиони евра, а на Белград - само 2 милиони евра. Двојно повеќе пари за БиХ дала и Чешка, а Франција, Австрија, Јапонија и Швајцарија уплатиле поеднакви суми за двете држави. Русија е во малата група држави кои во Брисел не дадоа никаква донација, но различни видови на помош упатија пред конференцијата. Директорот на српската Канцеларија за помош и обнова на поплавени подрачја Марко Благојевиќ сепак истакнува дека кога се заедно ќе се собере, Србија сепак од Европската унија ќе добие пари отколку Босна и Херцеговина. Тоа е затоа што Србија аплицираше за средства и од Фондот за солидарност на ЕУ, како земја-кандидат за членство во ЕУ, а БиХ нема право на средства од овој фонд. „Веројатно имајќи го тоа во вид, одредени членки на ЕУ одлучија да и дадат поголема билатерална помош“, вели Благојевиќ. Сепак, тој додава дека секоја земја има право да одлучи дали и колку ќе донира за одредена земја, па така Египет донирал само за БиХ, а Ерменија само за Србија водени од некои лични мотиви.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни