Генерали Инвестс: Политиките на централните банки го диктираат пулсот на пазарите на капитал
Објавено во: Економија 05 Јули, 2023
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
Пазарната капитализација на Apple достигна рекордни 3 трилиони американски долари
Минатата недела го завршивме првиот семестар од оваа година. Пазарната капитализација на американскиот технолошки гигант Apple достигна рекордна вредност од 3 трилиони американски долари. Покрај тоа, мерката за инфлација (PCE) на ФЕД се намали во јуни и на месечна и на годишна основа. Сепак, може да очекуваме дополнителни зголемувања на каматните стапки во борбата против инфлацијата. На состанокот на централните банкари, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, рече дека ЕЦБ најверојатно повторно ќе ги зголеми каматните стапки во јули. Пазарите повторно очекуваат зголемување на каматните стапки, како од ЕЦБ, така и од Федералните резерви на САД.
S&P 500 порасна за 16,3% од почеток на година
Главниот американски индекс S&P 500 веќе порасна за 16,3% од почетокот на годината. Во годините кога индексот растеше повеќе од 10% во првото полугодие, во следната половина добиваше просечни 7,7%, но исто така кога растот на индексот во првото полугодие беше поскромен, индексот растеше само за 3,1% во втората половина од годината. Минатата недела растот на индексите го одбележа неочекувано високиот раст на бруто домашниот производ на САД, кој и покрај високите каматни стапки и непредвидливите макроекономски показатели ги надмина сите очекувања. Американската економија порасна за 2% во првиот квартал, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите за раст од 1,3%.
Се повеќе компании котираат на берзата
По пауза од повеќе од осумнаесет месеци од првичните јавни понуди (IPOs), се повеќе компании одлучија да котираат на берзата во последните недели. Така, по успешната прва котација на медитеранскиот снабдувач на храна Cava, ја видовме и котацијата на GEN Restaurant (GENK), Vesta Real Estate (VTMX), Kodiak Gas Services (KGS), Savers Value Village (SVV), Hidroelektrika (H20) и Фиделис (ФИХЛ).
ФЕД го објави резултатите од стрес тест во банкарскиот сектор
Во САД, ФЕД ги објави резултатите од својот банкарски стрес-тест за 2023. Резултатите беа исклучително охрабрувачки, бидејќи сите 23 банки ги исполнија барањата за капитал и сè уште ќе можат да позајмуваат пари во хипотетички тешката глобална рецесија. Аналитичарите очекуваат големите банки да ги зголемат дивидендите.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Политиките на централната банка го диктираат пулсот на пазарите на капитал. Повисоките каматни стапки имаат негативно влијание во секторот на недвижности, но се уште ги немаат манифестирано сите свои негативни последици во економијата. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика. Сценариото на заладување на економскиот раст, рецесија а со тоа и пад на добивката не се земени предвид при високите вреднувања на берзите, особено на технолошките акции. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов изгледаат поатрактивни поради зголемениот удел во технолошки акции, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од друга страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција која ги поттикнува технолошките гиганти. Обврзниците во 2023 година функционираат како добра инвестиција. Циклусот на зголемување на каматните стапки се ближи кон крајот, инфлацијата се намалува, а и двете ја зголемуваат атрактивноста на инвестициите во обврзници. Трпеливиот инвеститор треба да продолжи да додава на постојните позиции, како на берзата, така и на пазарот на обврзници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.