01 Јули, 2024
0.0254

Половина од 100-те најбогати милијардери во светот се од САД и Русија

Објавено во: Свет 04 Август, 2015

Добивај вести на Viber

100-те најбогати милијардери на Земјата располагаат со вкупнa благосостојба, што е поголемa од бруто домашниот производ на речиси сите држави во светот.Сите нив ги обединува едно - тие стануваат се побогати со секојa изминатa година.

Најмладиот од 100-те најбогати луѓе во светот е Марк Цукенберг - основач на социјалната мрежа Фејсбук. Тој има само 31 години, а веќе поседува нето средства во вредност од 35 милијарди долари.

Најстариот од нив, еден од основачот на популарните во Европа и САД евтини синџири на супермаркети Aldi, почина во текот на летото на минатата година на 94-годишна возраст. Додека беше жив, тој беше оценет на 21-то место во рангирањето на најбогатите луѓе во светот.

67 години е просечната возраст на 100-те најбогати луѓе во светот, а нивната просечна благосостојба е еквивалентна на 15,7 милијарди американски долари.89 од нив се мажи, а само 11 се претставничките на понежниот пол.

Каква е распределбата на 100-те најбогати луѓе во светот по континенти и држави?

Северна Америка 40 од 100-те најбогати луѓе од Северна Америка, а меѓу нив има двајца Мексиканци и само еден Канаѓанец. Сите преостанати 37 лица од Соединетите Американски Држави. Тоа значи дека повеќе од 1/3 од најбогатите луѓе во светот се државјани на САД.

Европа

35 од 100-те најбогати во светот се Европејци. Најбројни меѓу нив се граѓаните на Руската Федерација - вкупно 11, што ја прави Русија втората земја на планетата по САД, во која живеат најмногу најбогати луѓе на Земјата.

Шестмина од 100-те најбогати во светот се од Германија и четворица од Франција.Италија и Шведска имаат по тројца од нив, двајца се од Швајцарија, а Велика Британија, Холандија, Шпанија, Кипар, Чешка и Украина имаат по еден.

Ако Европската унија официјално беше посебна држава, со нејзините 23 милијардери, кои влегуваат во 100-те најбогати во светот, таа требаше да ја измести Русија од првото место на Стариот континент и од вториот на Земјата.

Азија

Во Азија живеат 18 од 100-те најбогати милијардери на планетата. Најбројни меѓу нив се Кинезите - вкупно 7 лица, 4-ца од нив се од специјалниот административен регион Хонг Конг - колонија на Велика Британија до 1997 година. На второ место во Азија е рангирана Индија со нејзините 5 милијардери кои влегуваат во 100-те најдобри на глобално ниво.

Изненадувачки, само двајца од најбогатите милијардери во светот се Јапонци. Малезија, Саудиска Арабија, Филипините и Јужна Кореја исто така имаат по еден од најбогатите луѓе во светот.

Јужна Америка Само 5 од најбогатите милијардери во светот се јужноамериканци. Двајца од нив се Бразилци, уште двајца се колумбијци и еден е од Чиле.

Африка и Австралија

Континентите Австралија и Африка имаат само по еден милијардер, Австралиецот е од Австралискиот сојуз, а претставник на неконвенционалниот најсиромашен континент е жител на Нигерија.

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана