05 Декември, 2025
0.0273

Половина од алкохолот во Бугарија е се сомнителна содржина?

Објавено во: Балкан 04 Април, 2013 07:02

Добивај вести на Viber

Речиси половина од алкохолот во Бугарија се произведува во сивиот сектор и се продава по пазари, пабови и по патишта. Не се знае каде одат над 150 000 тони грозје, објави во Пловдив претседателот на лозарско-винарската комора Пламен Молов. Сивиот сектор продолжува да завзема половина од пазарот на вино во Бугарија. 50% од бугарското вино е со неплатени даноци и сомнителна содржина. Овој факт влијае на совесните производители и е проблем број еден во индустријата. "Ние и понатаму тврдиме дека голем дел од грозјето во Бугарија се произведува за домашно, а всушност виното од него се продава во малите пабови по селата, во ол инклузив системите - нешто што не е регулирано", изјави Пламен Молов, прв човек на лозарско винарската комора, Домашните производители на вино велат дека немаат поддршка од државата во рекламирање на бугарското вино. Сепак прогнозираат за четири пати пораст на извозот на бугарското вино во Кина оваа година. "Нови и интересни пазари за бугарските производители на вино се азиските пазари, бидејќи интересот за нив е голем, тие се брзо растечки и секоја година помеѓу 20 и 30% се зголемува потрошувачката на вино на пример во Кина", вели Красимир Патишанов, производител на вино од Брестовица. Изградбата на карго терминал на аеродромот во Пловдив ќе го олесни извозот на алкохолни пијалоци, убедени се производителите. На саемот на винот кој до 6-ти април се одржува во Пловдив, учествуваат производители на вино од 13 држави.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии