19 Декември, 2025
0.0399

Половина од пратениците на „СИРИЗА“ нема да го поддржат новиот пакет за штедење

Објавено во: Балкан 15 Јули, 2015 13:56

Добивај вести на Viber

Половина од пратениците на „СИРИЗА“ нема да ги поддржат увезените од премиерот и лидер на „СИРИЗА“ Алексис Ципрос мерки за штедење, соопштија агенциите.

Се очекува, сепак голем дел од опозицијата да гласа „за“ предлозите на Ципрас.

Денес е одлучувачки ден за Грција. Парламентот треба да ги одобри мерките за штедење во замена за нов спасувачки пакет за земјата. Гласањето ќе е зад масовните протести.

Уште на пладне во протестен марш учествуваа социјалните работници, фармацевтите, како и членови на Комунистичката партија во Грција. Тие се упатија кон Министерството за економија и скандирале „Ципрас - мафија“ и „Владата на Ципрас е мафија“.

Илјадници граѓани на Грција ќе излезат на протест во 19 часот, Кога парламентот ќе се собере, за да го гласа пакетот.

Доцна синоќа во интервју за државната телевизија премиерот Алексис Ципрас изјавил дека нема да поднесе оставка и ќе ја преземе одговорноста за резултатите од реформите.

Во меѓувреме „ММФ“ сепак, го критикуваше предложениот од Европа договор за Грција. Ова информација ја пренесе „БиБиСи“. Според Фондот, Атина не може да го плати долгот и се наметнува тој да биде делумно поедноставен.

Во вторникот вечерта „ММФ“ има пратено препорака која била упатена кон Еврогрупата викендов. Таа содржела предлози за отпис на грчкиот долг од 323 милијарди евра. Финансиска институција дава до знаење дека не сака да учествува во третиот спасувачки пакет, ако Брисел не направи отстапки кон Атина, коментира „БиБиСи“. Грција веќе пропушти две рати кон Фондот, потсетуваат британските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен