05 Декември, 2025
0.1740

„ПОЛОВИНА ОД РАКОВОДСТВОТО, ЗАЕДНО СО ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ“: Куновска вели дека по секоја цена сакаат да ги дочекаат парламентарните избори и да станат пратеници

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 14:11

Добивај вести на Viber

Поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска го категоризираше изборниот резултат на СДСМ како дебакл. Таа преку Фејсбук реагираше дека половина од раководството на СДСМ не се членови на партијата, а нивниот мотив е да дочекаат парламентарни избори и да станат пратеници.

„Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата? Ја разбирам потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее и после ваков дебакл на локалните избори. Половина од нив, на чело со Филипче, не се ниту членови на партијата и нивниот мотив е да дочекаат парламентарни избори и по секоја цена да станат пратеници. За нив членовите кои трчаат на терен и “крварат” од вакви порази воопшто не им се важни. Битно е преминот од НВО секторот во партијата да се “наплати” со четиригодишен пратенички мандат плус една година апанажа. Затоа се користат оптички илузии кои не поминуваат ниту кај малите деца во градинките. Но, еве, да ја примениме математиката на Филипче и компанијата“, вели Куновска. 

Според неа, илузијата на СДСМ била дека ако ВМРО-ДПМНЕ има изгубено гласови, нивната партија расте.

„Нивната клучна илузија е дека ВМРО изгубил во проценти многу повеќе гласови од нив и тоа значело дека СДСМ расте. Според првичните анализи, сите независни листи на топтан освоиле 120 илјади гласови, плус има уште 50 илјади неважечки ливчиња. Дополнително, ЗНАМ изгубиле околу 18 илјади гласови од парламентарните избори. Ова се вкупно 188 илјади гласови. Кога СДСМ навистина би растел тогаш логично ќе беше барем половината од овој резервоар на гласови да го имаат на своето конто. Но, да не се влезе во втор круг во трката за градоначалник на Скопје и советничката листа на СДСМ да е петта по број на гласови, е јасен сигнал дека партијата од струмичкото бизнис чекмеџе станува стечајна маса. Навистина од почит кон искрените, лојалните и добронамерни членови на партијата не сакав да коментирам за резултатот на СДСМ пред да заврши вториот круг. Сепак, количината на дрскост и ароганција со која се брани овој дебакл на СДСМ ме натера да го напишам ова. Ќе завршам со цитатот на една членка на СДСМ која ми се јави на телефон со следното прашање: “Дали ги гледаше настапите на Филипче, Пановска и Чупевска? Ако на ваков резултат умеат да бидат волку арогантни, какви ли би биле кога навистина би победиле?”, напиша Куновска.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите