05 Декември, 2025
0.0314

Половина Скопје со ладни радијатори, кој е крив што нема парно?

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2012 10:21

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што Топлификација ги искористи високите дневни температури започнувајќи ја грејната сезона десеттина дена подоцна, и сега, кога температурите се спуштаат до 2 степени над нулата ги остава граѓани да се мрзнат без парно греење. Ова е случај со неколку населби кои се снабдуваат со топлинска енергија од топланите Исток и Запад каде жителите се жалат на ладни радијатори. Од Топлификација не признаваат проблем, тврдејќи дека работат од сабајле до вечер испорачувајќи топлинска енергија. „Ако граѓаните имаат проблем треба да си се обратат до снабдувачите кои треба да им кажат дали има локален проблем  или пак можеби има проблеми во мрежата“, велат во Топлификација. Токму дефекти во мрежата, неисчистени цевки, затворени вентили или проблеми во внатрешните инсталации се најчестиот одговор кој граѓаните го добиваат од екипите на Топлификација речиси секој почеток на грејната сезона, која вообичаено започнува многу покасно од 15 октомври. Она што е недозволиво е што за времето додека да се отстрани проблемот, корисниците сепак си го плаќаат целосниот износ на сметките за парно, и тоа преку цела година, иако за време на дефектите трошат пари за да се згреат на друг начин. Организацијата за заштита на потрошувачите досега, поради поплаки од граѓаните неколку пати реагираше до Регулаторната комисија за енергетика барајќи да не се дозволува граѓаните кои редовно плаќаат за услугата да не ја добиваат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен