15 Мај, 2024
0.1810

Полуматурантите пред одлука, побарувачката за стручен кадар во пораст

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Светскиот тренд, кој во последните години е застапен и кај нас, покажува едно нешто - сѐ поголема е побарувачката на конкретни струки за работни позиции во компаниите. Потребата од стручни лица и нивната неопходност во процесот на работа говорат за насоката кон која се движат големите компании, што не ја одминува ни нашата земја.  Кај нас, стручните кадри се особено барани во големите странски компании кои поради бизнис климата решаваат да инвестираат во земјава или пак да ги прошират своите бизниси тука, како и во домашните бизниси кои доживуваат експанзија. Но и едните и другите се соочуваат со истиот проблем – такви кадри тешко се наоѓаат.


Решението е во рацете на идните средношколци, односно во нивната одлука каде ќе го продолжат своето образование по завршувањето на основното училиште. Многумина од нив за првпат ќе бидат исправени пред избор со кој ќе треба да решат каде ќе се движат нивните професионални, а преку тоа и лични животи. Стручното средно образование нуди одговор за двете. За компаниите создава кадар кој ќе може професионално да се ангажира веднаш по завршувањето на средното училиште. За средношколците кои ќе се решат да изберат средно стручно тоа значи можности за многу брза финансиска и професионална самостојност и шанси за иднината кои ги носи конкретната струка.  

Проектот на Светска банка и Министерството за образование кој го носи името „Одбери стручно“ има за цел да ги информира идните средношколци и нивните родители за можностите кои средното стручно образование им ги нуди, истовремено водејќи битка со негативните, неточни митови кои го следат. Фактите и бројките во овој случај се најсилното оружје, како и искуствата на оние кои ја изоделе животната патека со помош на струката, Во рамките на проектот се презентирани советите од познатите јавни личности од земјава преку сегментот наречен „Успешни приказни“. Освен личните приказни на успешните јавни личности, проектот „Одбери стручно“ нуди темелен преглед на програмите во средните стручни училишта кои можат да им послужат на учениците околу крајната одлука, како и за бројот на слободни места во училишта за кои се заинтересирани.

Посетете го проектот на сајтот www.odberistrucno.mk и на Facebook на https://www.facebook.com/odberistrucno/ , информирајте се и донесете правилна одлука.


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година