19 Декември, 2025
0.0630

ПОМАЛКУ ИМОТИ ПОД ХИПОТЕКА?! - Вредноста на заложените имоти во првиот квартал достигнала 229 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Мај, 2023 07:22

Добивај вести на Viber

Спласнува ли интересот за купување станови или напротив се купуваат, но без притоа да се користат хипотекарни кредити. 

Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека од почетокот на годинава под хипотека се ставени 1.670 имоти. Ако се направи споредба со истиот период минатата и предминатата година, ќе се забележи дека има намалување на имотите кои се ставаат под хипотека. 

Имено, како што се гледа во кварталниот извештај на Катастар „во периодот јануари - март 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.670 и со вкупна вредност од 229.025.353 евра и 3.319.570.447 денари“.

Што се однесува пак до минатата година, во истиот период под хипотека биле ставени 200 имоти повеќе и скоро двојно поголема вредност. Односно „во периодот јануари - март 2022 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.888 и со вкупна вредност од 481.422.672 евра и 2.257.521.859 денари“.

Во периодот јануари - март 2021 година под хипотека пак биле запишани 1.795 имоти, со вкупна вредност од 160.187.107 евра и 2.271.616.873 денари.

Дали падот на бројот на имоти кои се запишуваат под хипотека означува намален интерес за купување станови, или пак само намален интерес за хипотекарни кредити? 

Градежниците велат дека интересот за станови во земајва не спласнува, но дека поради намалените дозволи за градба намалени се новите објекти, што заедно со растот на цените на градежните материјали доведе и до зголемување на цените на недвижнините. 

Фактор веќе објави дека бројките за станбеното кредитирање упатуваат на забавување на овој сегмент од кредитните активности на банките. Согласно последните бројки на Народна Банка, во април во однос на еден месец претходно, односно март, кредитирањето на становите се зголемило за 0,5 проценти, додека, пак, ако гледаме како годишен раст, односно во април годинава во однос на април минатата година, кредитирањето е зголемено за 11,2 проценти. 

Треба да се има предвид дека досега месечно растот на станбеното кредитирање беше по 1 отсто или 0,9 проценти, што значи дека сега станбеното кредитирање малку забавува.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии