23 Мај, 2025
0.0289

ПОЧНУВА ЛИ ПОЛЕКА ДА СЕ ЛАДИ И МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ - станбените кредити веќе не одат како „алва“, што ќе се случува со цените

Објавено во: Економија 22 Мај, 2023 09:10

Добивај вести на Viber

Спласнува ли полека еуфоријата околу купувањето станови во земјава, како што тоа наголемо почна да се случува во Соединетите американски држави и Европа, а како процес срамежливо стартува и во Србија, е прашањето што се поставува, откако осамнаа најновите податоци од централната банка, а кое се однесува на одобрените и дадените станбени кредити во земјава.

Имено, Народна банка на Македонија ги објави најновите бројки за април годинава, кои говорат дека иако има раст кај станбеното кредитирање, тоа е сепак малку забавено во однос на претходниот период.

Па така, во април во однос на еден месец претходно, односно март, кредитирањето на становите се зголемило за 0,5 проценти, додека, пак, ако гледаме како годишен раст, односно во април годинава во однос на април минатата година, кредитирањето е зголемено за 11,2 проценти.

Треба да се има предвид дека досега месечно растот на станбеното кредитирање беше по 1 отсто или 0,9 проценти, што значи дека сега станбеното кредитирање малку забавува.

Сепак, високиот годишен раст од 11,2 проценти, говори дека овој тренд е далеку од стопиран, како и дека граѓаните се уште масовно купуваат станови, а банките во тие нивни вложувања сесрдно ги кредитираат.

Како што говорат бројките на НБМ, македонските граѓани, за земени станбени кредити, во моментов, односно на крајот на април, на деловните банки им должат вкупно 1,27 милијарди евра.

Тоа е огромна сума, но ако се направи споредба со еден месец претходно, односно со март, тоа е месечен пораст на кредитирањето за нецели 7 милиони евра, што е извесно забавување на банкарското делење на станбените заеми, кога месечно надминуваше и по 10 милиони евра, а и далеку повисоки суми.

На крајот на минатата година, пак, станбените кредити дадени на граѓаните имале вкупен износ од 1,23 милијарди евра, односно за четири месеци имаме зголемување на станбените кредити за 32 милиони евра.

Банките во земјава, бидејќи имаат доволно ликвидност, не престануваат со своите кампањи за поволни станбени кредити и подолгорочни фиксни каматни стапки, но не е извесно дали и граѓаните и натаму толку многу бараат да земат станбени кредити.

А дека полека се лади пазарот на недвижности во земјава, говорат и последните податоци на НБМ за цените на становите во првиот квартал од гопдинава. Имено, годишната стапка на раст, односно првиот квартал годинава во однос на истиот период лани, цените на становите пораснале за 18,8 отсто, што е исто така огромен пораст, но барем стапката е под 20 проценти, откако во третиот квартал лани беше 21,6 проценти, што беше најстрашен пораст, и 20,6 отсто во последниот квартал од минатата година.

Исто така, во првиот квартал од годинава е помала стапката на раст во однос на претходниот квартал, односно таа изнесува само 1,3 отсто, наспроти 4,8 и 4,7 отсто соодветно во претходните два квартали.

Во домашните финансиски кругови едно време се заговараше дека можеби треба да се размислува да се заузда прекумерното станбено кредитирање, но банкарите сметаа дека нема пргревање и дека не се потребни интервенции.

Во некои земји во светот и Европа, пак, од пред неколку месеци почна да се намалува цената на недвижностите, па дури и да се зборува за опасност од криза во овој сектор, а за прв пат по неколку години повеќе земји имаат пад на цените на недвижностите отколку што има пораст на нив.

Во просек, на ниво на ЕУ, цените паднаа за 1,5 отсто во последните три месеци од 2022 година, од кои најмногу во Данска (-6,5 отсто), Германија (-5 отсто), Кипар (-4 отсто), Шведска (- 3,4 проценти) и Финска (-3,4 проценти). Со исклучок на Кипар, сите наведени земји забележаа половина година пад на цените (два последователни квартали), па се споменува кризата со недвижностите.

Европската централна банка (ESB) веќе предупреди за ова во извештајот објавен во мај минатата година.

„Како што динамиката на цените на станбените недвижности ги надминува основните законитости, се зголемува и превреднувањето“, наведе ЕЦБ. Во превод, сметаат дека недвижностите се преценети и дека ќе следи голем пад на цените.

Ова веќе се случува во некои земји, а други се лизгаат кон тоа сценарио. Не мора да се работи за опасност од криза со недвижностите, иако остриот пад на цените на недвижностите може да има многу негативни последици за остатокот од економијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

И ПОКРАЈ БОЈКОТИТЕ: Цените на храната во Европа и на Балканот се неоправдано високи

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СЕМЕЈСТВАТА СЕПАК ТРЕБА ДА ИМААТ КЕШ: Централната банка на Холандија oбјасни колку пари треба да чуваат под перница

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

СВЕТОТ Е ВАША КАНЦЕЛАРИЈА: Ова се најбараните професии што можете да ги работите од која било локација

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: За колку е зголемена во однос на лани?