Помалку од 10 отсто од луѓето имаат антитела, потврди СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Март, 2021
Oд Светската здраствена организација (СЗО) велат дека помалку од десет проценти од луѓето во светот имаат антитела на коронавирусот.
Оттаму додаваат дека вакцинацијата е единствениот начин да се постигне имунитет на стадото. СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот. Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш скоро половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не ни дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадо.
Во светот има повеќе од 114 милиони потврдени случаи на коронавирусот. САД, Индија, Бразил и Русија имаат најмногу заразени.
Неколку европски земји преземаат мерки за затворање за да се спречи ширењето на коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.