ПОМАЛКУ ПАТУВАЊА, ПОМАЛКУ БАРАЊА ЗА ПРЕВОДИ: Коронавирусот ги помати сметките и кај судските преведувачи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Март, 2021
Откако почна пандемијата на коронавирусот, нагло се намали обемот на работа кај судските преведувачи.
Затворените граници, фактот дека луѓето помалку патуваа и помалку се иселуваа во странство почнувајќи од месец март лани, придонесе судските преведувачи да немаат доволно или воопшто да немаат работа. За оваа 2021 година очекуваат подобрување и полека да се вратиме во нормала.
„Дефинитивно сме погодени како и многу други професии од пандемијата. Луѓето помалку патуваат во странство, помалку се селат, има застој и затоа не им треба превод на документи. Ако на почетокот имаше пад на работата за 70 отсто, сега работите се подобруваат, и падот е за околу 50 отсто. Очекуваме дека состојбата ќе се среди и дека ќе одиме напред, да има и настани, да можат преведувачите во кабини да преведуваат како порано“, вели Магдалена Костовска, судски преведувач од Скопје.
Во внатрешноста на Македонија работа скоро и да нема за судските преведувачи. Нина Дочовска, судски преведувач од Битола вели дека работата се намалила за 99 отсто откако почна пандемијата. Објаснува дека Битола е град кој има многу иселеници во Канада, Америка, Австралија, но поради рестрикциите луѓето скоро и да не патуваат и немаат потреба да бараат услуги кај судските преведувачи.
„Претходно, пред да почне пандемијата имаше доволно работа, не треба да се жалиме, но сега е катастрофа и нема работа. За оваа година се надеваме дека ќе биде подобро, иако немаме многу оптимизам“, рече Дочовска.
Наталија Митева, судски преведувач од Виница објаснува дека цела година откако коронавирусот е присутен во земјава, таа има за 20 до 30 отсто помалку документи за превод.
„Сега луѓето кои прележале ковид бараат да им се преведе медицинска документација, има и дипломи за превод. Ги следам вестите во Германија, и понатаму, во летните месеци ќе имаат повеќе вакцинирани, ќе бидат послободни, така што и нашинците кои се таму повеќе ќе патуваат“, додава Митева.
Тешко е да се утврди точната бројка на активни судски преведувачи во земјава, од причина што има нови кои влегуваат во професијата, но и други кои мигрираат во други професии.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.