16 Декември, 2025
0.0531

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

Објавено во: Економија 16 Јули, 2024 08:17

Добивај вести на Viber

Намалување на засадените површини со земјоделски продукти бележи државниот завод за статистика во последната анализа „Македонија во бројки“.

Пад кај обработените површини има кај повеќето култури, а зачудува фактот што и покрај растот на површините кои се засадени со некои култури, како што се доматите, има намалување на произведените количини.

-  Растителното производство во периодот од 2013 до 2023 година се карактеризира со намалување на површините под пченица и тутун, а површините на јачмен и домати бележат пораст – посочуваат статистичарите.

Бројките покажуваат дека површините во Македонија „покриени“ со пченица значително се намалиле, па од некогашните 80.980 хектари, во текот на минатата година со оваа житна култура биле засеани само 69.522 хекатри.

Намалување имаме и кај засадените јаболки и винови лози. Имено од 4.385.971 засадени јаболка во 2013 година, нивниот број се намалил на 4.056.034 стебла минатата година.

Исто така и кај грозјето има намалување, па од 82.354 илјади родни пенушки во 2013 година, нивниот број се спуштил на 78.778 илјади стебла минатата година.

Од друга страна статистичарите утврдиле дека кај засадените површини со домати имаме раст. Па од 5.457 хектари во 2013 година, површините на кои се засадува овој зеленчук се зголемиле на 5.666 хектари.

Но, се забележува уште една негативна појава во македонското земјоделие. А тоа се слабите приноси по хектар.

Зачудува фактот што иако имаме раст на површините кои биле засадени со домати, произведените количини се намалиле.

Па така кај доматите од некогашните 23.999 килограми домати добиени на еден хектар во 2013 година, нивната количина спаднала на 20.541 килограм на хектар.

Ниту кај пченицата состојбите не се значително подобри. Па така во 2013 година биле произведени 3.198 килограми пченица по хектар, додека во 2018 се зголемила на 3.396, за во текот на минатата година повторно да има намалување и да спадне на 3.095 килограми пченица по хектар.

Дури и приносите на јаболките се намалиле. Имено кај јаболките статистичарите пресметале дека на едно стебло во 2013 година се родиле 26 килограми јаболка, чија количина се зголемила во 2018 година, за потоа минатата година да забележи драстичен пад и да спадне на само 20 килограми јаболка од стебло.

Земјоделците и упатените во земјоделските култури посочуваат дека во приносите на одредени култури голем уддел играат и временските прилики, кои во последниве години во Македонија воопшто не се поволни. Сушните периоди, повремени обилни дождови и нверемиња стануваат се почести, што според самите земјоделци во голема мера се одразува врз производството.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи