06 Декември, 2025
0.1678

ПОМАЛКУ СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА - за нашите фирми ќе остане повеќе работна сила

Објавено во: Економија 23 Април, 2020 09:47

Добивај вести на Viber

Германските компании што работат во странски земји ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата на корона вирусот. Ова го покажуваат резултатите добиени од анкетата што ја направила минатата недела Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК), наречена World Business Outlook анкетата (пролет 2020), која се спровела помеѓу германските комори во светот. Добиените резултати покажуваат дека 

„Сите релевантни истражувања кои се спроведени до сега се разликуваат во однос на степенот на претстојниот пад во стопанството во нивните земји. Прогнозите се менуваат секојдневно и се одраз на фактот дека во моментов сè уште ситуацијата не е јасна“, соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.
 
Тој вели дека за да се спречат последиците од економската криза споредливи со онаа од 1929 година, владите во САД, Германија, но исто така и во Северна Македонија презедоа силни мерки за јакнење на компаниите и не ги повторија грешките направени со водење на политика на штедење кои беа направени во 1929 година. Особено е важно, нагласува тој, да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа. 

„Одржливото закрепнување на економијата, нема потреба само од терапија која што ќе делува веднаш, туку има потреба и од чувство за пропорција „Вклучување на државата што е можно помалку, вклучување на државата онолку колку што е потребно“. Откако компаниите ги поздравија мерките за поддршка на стопанството, треба да стремат кон што е можно поскоро враќање со полна снага на пазарот. На прашањето за последователните трошоци како резултат од користењето на мерките за поддршка на стопанството кое си го поставуваат сите компании, треба да се одговори што поскоро и транспарентно“, вели Мартенс. 

Според него, како последица од настанатата криза со корона вирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и во Северна Македонија. 

„Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно“, објаснува Мартенс во своето обраќање до медумите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?