ПОМЛАДА Е ОД НЕГО 28 ГОДИНИ - ЖЕНАТА ШТО ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА КРАЛОТ НА БАКАРОТ - Милан Поповиќ и Бојана го чекаат третото дете
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2022 10:39
Кралот на бакарот Милан Поповиќ го очекува третото дете со втората сопруга Бојана.
Втората сопруга на Милан Поповиќ е 28 години помлада од него, атрактивна русокоса и целосна спротивност од неговата прва сопруга.
Милан и Бојана добија два сина од големата љубов Милан и Ѓорѓе, а наскоро во нивниот дом ќе пристигне и мало девојче на кое целото семејство е неизмерно среќно.
Поповиќ откри како тој и Бојана се запознале, колку се сакаат и дека убавата белграѓанка без сомнение е вистинската жена за него.
- Се запознавме двајцата во Белград. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро белградско семејство, многу е привлечна, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега - изјавил бизнисменот за дневен српски весник.
- Со неа нема кавги или расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и одлична мајка, а тоа ми е многу важно.
Потсетуваме, Милан и Северина беа во брак две години, по што решија да и стават крај на љубовта од која го добија синот Александар.
Северина во 2015 година се омажи за фудбалскиот менаџер Игор Којиќ, а по шест години се разведе и немаше деца со него.
Извор: Курир.рсМожеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




