Помошта од 6.000 денари ќе може да се користи без ограничување, тврдат од Владата
Објавено во: Економија 23 Декември, 2020 14:33
Помошта од 6.000 денари кои ја добиваат граѓаните од државата на своите сметки, ќе може да се користи без ограничување, децидни се од владата.
На денешната пресконференција, во врска со детали за текот на исплатата на финансиската поддршка во износ од 6.000 денари, којашто е наменета за речиси 283.000 граѓани од ранливите категории, владините портпароли нагласија дека таа може да се користи без ограничувања. Според нив, тоа е направено така со намера да се помогне уште повеќе и да се ослободат граѓаните од административни процедури.
Беше истакнато дека, на сметките на граѓаните вчера и денеска се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации





