Помпео го пофали Преспанскиот договор во Грција
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2019 20:53
Договорот од Преспа е чекор кон стабилност во регионот, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на обраќањето во културниот центар „Ставрос Ниархос” по средбите со неговите домаќини, jави дописничката на МИА од Атина.
Помпео говореше за предизвиците со кои што Грција се справува, како што рече „покажувајќи го патот напред” и во тој контекст ги наброја темите меѓу кои и „Балканот кој останува регион на стратешки натпревар”, Русија, бегалското прашање, Кина, енергетските извори и слично, а кусо го спомена и Договорот од Преспа.
– Она што е одлично за сето ова е тоа што ние гледаме дека Грција се справува со овие предизвици, покажувајќи го патот напред, тоа го обезбедивте со Договорот од Преспа, што е чекор кон стабилност на Балканот, санкциите за Русија за инвазијата во Крим и источна Украина, го одбивте иранскиот танкер со нафта, рече американскиот државен секретар во неговото обраќање.
Помпео рече дека Грција почнала да го гледа светот како што го гледаат САД и затоа се проширува партнерството, „кое веќе е на најдобро ниво од било кога”.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




