Помпео пред посетата на Македонија: Со Црна Гора потпишавме историски договор за воени возила
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2019 12:45
Мајк Помпео, државниот секретар на САД, кој денеска е во посета на Црна Гора и Македонија, во Подгорица по средбата со црногорскиот премиер Душан Марковиќ напомена дека двете земји потпишале историски договор за набавка на воени возила од 36 милиони долари.
„Со задоволство можам да објавам дека минатата недела беше потпишан најголемиот договор во историјата на набавка на воена опрема меѓу нашите нации, вреден 36 милиони евра, за испорака на лесни воени возила“, рече Помпео.
По попладневната посета на Македонија, тој утре заминува за Атина, каде ќе се потпише билатерален договор за одбранбена соработка помеѓу Грција и САД за време на неговата посета.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




