„Понекогаш немаме храна но јас готвам било што, само тој да јаде“ - потресна приказна на две братчиња
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2019 09:18
Азур и Омер Хусејновиќ, момчиња кои ги оставила мајка им, ја раскажуваат својата тага и ја отвориле својата детска душа.
Мајка им со сестра им отишла во Германија, а тие останале да живеат со татко им, раскажуваат во емисијата „Исполни ми ја желбата“.
Престојуваат во колективниот центар Караула, во Живинице ( град во североисточна Босна и Херцеговина, јужно од Тузла) , а покрај тоа што условите за живот се тешки, децата се и неизмерно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка заминала и не мисли да се врати.
-Кога тато оди да работи, тогаш брат ми нешто ќе направи да јадеме-вели десетгодишниот Азур.
-Понекогаш немаме храна но јас готвам било што , само тој да јаде-раскажува дванаесетгодишниот Омер.
На овие момчиња Азур и Омер најголема желба им е семејството повторно да биде заедно, а мајка им со нивната сестра да се врати, да ги гушне и бакне.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




