Понеповолна состојбата во преработувачката индустрија во март во однос на февруари
Објавено во: Економија 25 Април, 2013 15:52
Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава, како и во однос на март лани, била понеповолна, оценуваат раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика.
Според денеска објавените податоци на статистика, тие изнеле понеповолна оценка и за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството во март во однос на февруари, а понеповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и за бројот на вработените.
Во март 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, а залихите на готови производи се намалени во споредба со февруари.
Просечното искористување на капацитетите на фирмите минатиот месец изнесува 59,9 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 27,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,2 проценти, финансиските проблеми со 10 проценти и неизвесното економско опкружување со 8,9 проценти
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




