Пониски трошоците во градежништвото за индивидуално домување
Објавено во: Македонија 05 Март, 2013
Во четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, се пониски за 1,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со третото тримесечје од 2012 година, трошоците за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 отсто, за материјали пониски за 0,9, а за вработените се повисоки за 0,4 отсто.
Во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,1 отсто, за материјали се пониски за 2,7, додека трошоците за вработените се повисоки за 2,6 отсто.