Добивај вести на Viber
На делницата Крушевац-Џунис се изли реката Јужна Морава поради што коловозот е покриен со вода, информира јавното претпријатије за патишта во Србија.
Апелираат сите возачи да бидат внимателни за да не дојде до несакани последици.
„Да водат сметка за брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и во планинските и високи делови, да не тргнуваат без зимска опрема и да водат сметка за безбедноста на работниците кои ги изведуваат работите“-велат од Патишта Србија.
Западна Морава надоаѓа, а војската е на терен да делува доколку е потребно. Последниве 48 часа ситуацијата се следи будно и се менува состојбата од час во час. Вонредната ситуација е за 3 града и 14 општини во Србија.